1. ШАМПОН И РЕГЕНЕРАТОР
За да се справиш со нескротливата коса, треба да започнеш од почеток. Ова значи да одбереш шампон и регенератор специјално наменети за коса што лесно се електризира.
2. ПРОНАЈДИ ЈА ВИСТИНСКАТА ЧЕТКА ЗА КОСА
Откако ќе ја измиеш косата, исчешлај ја со квалитетна четка за коса додека е влажна. На косата ѝ треба екстра-нега кога е влажна и затоа е важно да користиш квалитетна четка.
3. КОРИСТИ СЕРУМ
Следниот чекор е да ја заштитиш косата од топлина и влажност со хранлив серум.
4. ПРОНАЈДИ ЈА ИДЕАЛНАТА ТЕХНИКА ЗА ФЕНИРАЊЕ
Сега, откако ја подготви косата, време е да ја исушиш. Користи четка со отвори, што дозволува воздухот да циркулира, со што ќе го намалиш времето на изложеност на топлина.