ШТО Е WELLNESS-РУТИНАТА НА ОРИФЛЕИМ?
Wellness-рутината на Орифлеим е создадена да ти помогне да внесуваш протеини, прехранбени влакна и микронутриенти, во вистинско количество, секој ден.
ШТО ЗНАЧИ АБВ ВО РУТИНАТА?
АБВ-рутината се состои од три дела: АКТИВИРАЈ СЕ - БИДИ ИСТРАЕН - ВОДИ ГРИЖА. Тие се создадени за да воведат баланс на твоите потреби за исхрана. Сите Wellness-производи на Орифлеим се лесни за користење, кога било и каде било. Твое е само да стекнеш навика. А еве што значи секој од трите дела.
A = АКТИВИРАЈ СЕ
Создај ја основата со важни микронутриенти: витамини и минерали, омега 3 и астаксантин. Нивното користење секојдневно ќе ги активира функциите на телото, ќе ги пополни празнините во исхраната во секојдневниот режим на исхрана и ќе го зголеми твојот имунитет. Wellness-пакувањето ти ги овозможува овие хранливи состојки во практична кесичка за секој ден.
Б = БИДИ ИСТРАЕН
Изгради ја својата сила и овозможи си долготрајна енергија со висококвалитетни макронутриенти: протеини и влакна од нашите шејкови и од Протеинската мешавина. Протеинот му помага на телото да се регенерира и да изгради нови клетки. Влакната овозможуваат долготрајна енергија.
В = ВОДИ ГРИЖА
На крајот, треба да обратиме внимание на индивидуалните потреби, во зависност од нашата возраст, животен стил и општа добросостојба. Затоа ни се потребни дополнителни хранливи состојки за да ги постигнеме нашите цели.
ЗОШТО ДА ГИ КОРИСТИШ WELLNESS-ПРОИЗВОДИТЕ НА ОРИФЛЕИМ?
Нашиот пристап за добросостојба е инспириран од нашето шведско потекло. Шведската поврзаност со природата и со балансираниот животен стил за нас значи користење природни состојки. Затоа ние ги одбравме најпознатите истражувачи, нутриционисти и научници да го проучат шведскиот животен стил и да ги одберат најквалитетните природни состојки. Резултатот е висококвалитетни производи, развиени и создадени во Шведска.