Вежбајте според вашиот хороскопски знак

Сакате да го пронајдете совршениот режим на вежбање за вас? Следете ги хороскопските знаци! Тие влијаат на вашиот карактер и поради тоа направивме список од најдобрите спортови за секој хороскопски знак. Кој е вашиот?

ОВЕН (21 МАРТ – 20 АПРИЛ) 
Вие
имате победнички дух и затоа сакате соло-спортови. Вам ви требаат адреналин и брзина и затоа ви одговараат спортови со контакт. Пробајте бокс, атлетика или трки со мотори.

БИК (21 АПРИЛ – 20 МАЈ) 
Бикот сака комфор и спортови со кои ги полни батериите. Трчање, веслање, танцување и гимнастика се совршени за вас.

БЛИЗНАЦИ (21 МАЈ – 21 ЈУНИ) 
Близнаците уживаат во тимските спортови, без разлика дали играат во група или со партнер. Спортовите со топка се совршени за брзо мислење и забава, како и часовите по фитнес.

РАК (22 ЈУНИ – 22 ЈУЛИ) 
Ракот
сака вежби за опуштање и за уживање. Бидејќи е воден знак, нему му одговараат пливање, воден аеробик и нуркање.

ЛАВ (23 ЈУЛИ – 22 АВГУСТ) 
Лавовите
сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тие сакаат да ја покажуваат својата сила и затоа ним им одговараат одбојка на плажа, атлетика и гимнастика. 

ДЕВИЦА (23 АВГУСТ – 22 СЕПТЕМВРИ) 
Девиците се перфекционисти и тие секогаш се во потрага по совршенство. Им одговараат трчање и спортови со комплексни техники, како чионг или боречки вештини.

ТЕРЕЗИЈА (23 СЕПТЕМВРИ – 22 ОКТОМВРИ) 
Терезиите мислат на љубовта дури и во спортот. Елеганцијата и убавиот изглед се важни, но вие не сакате спортови со контакт. Затоа одберете пилатес, танцување или лизгање на мраз.

СКОРПИЈА (23 ОКТОМВРИ – 21 НОЕМВРИ) 
Скорпиите сакаат да бидат сами и затоа ним им одговараат поединечни спортови, како на пример боречки вештини, и екстремни спортови, како на пример параглајдерство.

СТРЕЛЕЦ (22 НОЕМВРИ – 20 ДЕКЕМВРИ) 
Енергијата и мотивацијата го прават среќен Стрелецот, како и надворешните услови. Јавањето коњ, планинарењето и возењето велосипед во дивина се само за вас. Пробајте и стрелаштво!

 
 
 
 
 
 
 
 

ЈАРЕЦ (21 ДЕКЕМВРИ – 19 ЈАНУАРИ) 
Заборавете на тимовите! Јарецот сака да се натпреварува сам со себе и да ги премостува границите. Нему му одговара маратон или скијање.

 

ВОДОЛИЈА (20 ЈАНУАРИ – 18 ФЕВРУАРИ) 
Личниот
развој и духовното збогатување се важни за Водолијата. Затоа јогата е одлична за вас, како и откривањето нови и егзотични спортови!

РИБИ (ФЕВРУАРИ 19 - МАРТ 20)
Исто како и ракот, рибите сакаат спортови што опуштаат. Тие немаат проблем и со групни активности, ако не се премногу заморни. Пливањето, ватерполото и (во екстремни случаи) нуркањето се спортови за вас.


Текст: