Решение за проблемите со нега на кожа

Нема двоумење: негата на кожа може да биде доста збунувачка. За секој проблем, постојат стотици конфликтни решенија. Затоа, разговаравм со нашиот панел на Орифлеим експерти за да го слушнеме нивниот професионален совет за тоа како да ги решиме најсериозните проблеми со нега на кожата - еднаш засекогаш.

ПРОБЛЕМ: СУВА И КОЖА СКЛОНА КОН ПУКАЊЕ и ГРУБИ ДЕЛОВИ

Решение: “Избегнувајте миење на лицето со сапуни и многу врела или многу студена вода. Наместо тоа, користете хидратантно млеко за чистење на лицето. Правете пилинг два пати неделно за ја отстраните грубата кожа и даја подготвите за хидратација. Исто така, секој ден нанесувајте хранлив серум под вашиот дневен и ноќен крем.”

- Eve Merinville, експерт за нега на кожа и нега против стареење (Орифлеим-дерматолог) 

ПРОБЛЕМ: ВОЗРАСНИ АКНИ

Solution: “Три совети: чистете го вашето лице со нежен тоник, користете лесен хидратантен крем, редовно правете пилинг.”

- Alain Mavon, Директот на истражувачкиот центар за кожа во Орифлеим 

ПРОБЛЕМ: МНОГУ ВИДЛИВИ ПОРИ

Решение:“Порите немаат мускули, па не можат да се отвораат и затвораат. Но, чистење два пати на ден и правење пилинг со направа за чистење ќе ги исчисти, што ќе ги намали. Маските од глина за чистење се нежен начин за ги отстраните маснотиите и да ги исчиситите затворените пори.”

- Melina Galeadi, Експерт за нега на кожа

ПРОБЛЕМ: ОТОЦИ ПОД ОЧИТЕ

Решение:“Кожата под очите е деликатна затоа користење на добар крем за очи е од клучна важност. Намесете крем со ролер или со лесно натапкување измасирајте ја областа за да ги намаллите отокот и темните кругови. Немојте да ја миете пминката со врела вода бидејќи тоа може да резултира со иритација. Наместо тоа, користете средсто за отстранување пминка и бришете ја пминката нежно - триењето на очите може да предизвика воспаление и оштетување на капиларите.”

- Nicola Kearns, Водечки научник - Клинчко и тестирање од потрошувачи (Орифлеим-дерматолог) 

ПРОБЛЕМ: ЦРВЕНИЛО 

Решение:“Избегнувате екстремно врела или ладна вода бидејќи може да ги ошстетат капиларите и да го зголемат црвенилото. Доколку имате проблем со црвенило, веројатно сте и осетливи на сонце, затоа секогаш користете дневен крем со заштитен фактор или избегнувајте цонце потполно. На кожата која лесно се иритира одлично ќе и одговара смирувачка маска.”

- Eve Merinville, експерт за нега на кожа и нега против стареење (Орифлеим-дерматолог)


ПРОБЛЕМ: ЛУЗНИ И ТЕМНИ ДАМКИ

Решение:“Изложувањето на сонце предизвикува појава на темни, кафени дамки, затоа користење дневен крем со висок заштитен фактор е клучна одбрамбена техника. Лузните можете да ги третирате со масла или производи богати со витамин Е.”

- Nicola Kearns, Водечки научник - Клинчко и тестирање од потрошувачи (Орифлеим-дерматолог)

ПРОБЛЕМ: ТЕНКИ ЛИНИИ

Решение:“Тенките линии се знак на стареење на кожата и изложеноста на УВ зрачење го убрзува процесот, затоа, клучно е користење на квалитетен дневен крем со висок заштитен фактор. Користете серум против стареење и специјализирани дневни и ноќни креми. Погрижете се кожата да биде хидрирана така што ќе пиете многу вода.”

- Alain Mavon, Директот на истражувачкиот центар за кожа во Орифлеим 

Текст: Фотографии: Shutterstock