Запознај ги научниците: Клеар Тенси

Многу сме горди на нашите научници и на нивните опширни знаења и искуства. Тие се грижат твоите Орифлеим-производи да бидат што е можно побезбедни и истовремено да ги дадат ветените резултати. Во оваа статија ќе ти ја претставиме Клеар Тенси, нашата директорка за клинички испитувања и научна комуникација.

Која е твојата улога во Орифлеим?
Одговорна сум за делотворноста и за сензорното тестирање на сите нови производи што се во фаза на развивање. Мојот тим се фокусира на вршење истражувања за глобалните потреби на кожата и за научна комуникација.

Опиши ни го твојот пат до Орифлеим?
Отсекогаш сакав да ги читам состојките на производите и летоците што објаснуваат како дејствуваат производите, затоа, додека бев на универзитет, решив да стажирам во одделот за истражување и развој на Орифлеим и знаев дека го најдов идеалното место за работа, кое ги спојува науката и козметиката. Кога Орифлеим ми понуди работа како хемичарка за состави, прифатив без двоумење!

 

 

На што работиш сега?
Спроведуваме истражувања за стареењето на типовите кожа од различно етничко потекло (студија Age Reflect). Многу е интересно откривањето на разликите и сличностите меѓу различни типови кожа. Ова истражување ни овозможува да создадеме соодветни производи за сите наши потрошувачи.

Со што се гордееш?
Горда сум на напредокот на мојата кариера и разновидните работни позиции што ги имав во Орифлеим за време на моите 23 години поминати тука. Започнав како хемичарка за состави за нега на кожа, а моето клучно достигнување беше создавањето на првиот производ со ретинол на Орифлеим.