Што се серуми?
Серумите се производи за нега на кожа со висока концентрација на антиоксиданси, киселини и витамини. Серумот може да биде многу корисен за кожата на долг рок, да го зголеми производството на колаген и да ја одржи хидратацијата на оптимално ниво. Тие имаат полесна текстура од кремите и се состојат од помали молекули кои можат дополнително да продрат во подлабоките слоеви на кожата.
Кои сепридобивките од користење на серумите?
Серумите се формулирани за да таргетираат конкретен проблем кој се наоѓа под епидермисот, како пигментација, старински дамки и длабоки брчки. Овој производ е есенцијален на програмите за нега на кожа против стареење и на клиничките истражувања покажуваат одлични резултати.
Дали може користењето серум да ги замени моите дневна и ноќни креми?
Но, хидратантните креми се формулирани така да ја одржуваат влажноста на кожата преку поставување на заштитна бариера помеѓу внатрешноста и на надворешноста. Серумите се формулирани за да навлезат длабоко во кожата за да ги однесат клучните состојки.
Дневните, ноќните креми и серумите имаат да постигнат различни улоги и со исклучивање на една од нив, и одземата на кожата важни придобивки кои тие ги имаат. Еве неколку кратки факти кои ќе ви помогнат да ги разликувате трите:
- -Серум - има лесна текстура и веднаш се апсорбира во кожата и и обезбедува активни состојки. Серумот го нагласува дејството на дневниот крем, но не го заменува.
- -Дневен крем - длабоко ја хидрира и заштитува кожата во текот на денот. Формулирана е со УВ фактори за да обезбеди заштита од штетните сончеви зраци.
- -Ноќен крем - посебно за навечер, серумт не е доволен за вашата кожа, на кожата и е потребен ноќен крем кој ќе ја нахрани кожата за таа побрзо да се регенерира и се обновува во текот на ноќта.
Како да користите серум?
Нанесете серум на свежо исчистената кожа на лицето и вратот и измасирајте. Една капка е доволна бидејќи формулата е концентрирана и се размачкува лесно на кожата. Кожата веднаш го апсорбита серумот, што ја прави спремна за нанесување на дневен или ноќен крем, во зависност од делот од денот.