Зимски водич за цврсти нокти

Можеби не си свесна, на твоите нокти исто така им влијае промената на температурата. Па што треба да направиш за да ги зацврстиш и да ги одржуваш здрави? Ние го имаме одговорот!

БИДИ ХИДРИРАНА
Да, знаеме. Хидратацијата е најочигледно решение, но не помалку важно. Треба да запомниш дека на твоите нокти им е потребна хидратација исто онолку колку што и на твоите раце. Затоа не заборавај да нанесеш крем на твоите кутикули и на нокти. Кога надвор е екстремно студено или во моменти на итни случаеви, можеш да користиш балсам за усни. Функционира одлично!

Препорачуваме: Milk & Honey  крем

МАСИРАЈ ГИ КУТИКУЛИТЕ
Според горенаведеното, дневната масажа на кутикулите е неопходна за здрави нокти. Но доколку мислиш дека кремот не е доволен за нега на твоите нокти, постојат и други начини за нивно потхранување. Започни со пилин за раце што ја отстранува сувата кожа и потоа нанеси масло за кутикули за одличен резултат.

Препорачуваме: The One Expert Care Маслено пенкало за нокти и кутикули и Milk & Honey Пилинг за раце

img-1.jpg 

ОБЛИКУВАЈ ГИ НОКТИТЕ НА ВИСТИНСКИОТ НАЧИН
Дали некогаш си го обликувала секој нокт на различен начин? Немој! Ова предизвикува кршење и лупење. Затоа биди сигурна дека секогаш ги обликуваш ноктите во една насока. Друга честа грешка е да ги исечеш кутикулите наместо да ги вратиш назад. Ова второто е подобра опција, бидејќи сечењето доведува до инфекција. Исто така подобро е да ја замениш металната турпија со некоја од помек материјал бидејќи може да биде навистина груба.

Препорачуваме: The One Nail Турпија за нокти

ОДМОРИ ГИ НОКТИТЕ
Сакаме маникир, но носењето на лакирани нокти константно, на долгорочен план може да биде навистина уништувачко. Ноктите ги впиваат супстанциите дури повеќе и од кожата, а ова доведува до нивно сушење. Исто така може да доведе до промена на бојата што и не е добра глетка. Затоа пробај да ги одмориш ноктите од лак одвреме навреме. За време на оваа пауза можеш да ги негуваш со потхранувачки производи како што е маска за раце.

Препорачуваме: Swedish Spa Soft Tide Маска за раце

КОРИСТИ СУПЛЕМЕНТИ
Цврсти и здрави нокти може да дојдат однатре. Суплементите што се посебно дизајнирани за да го истакнат квалитетот на твоите коса и нокти навистина го збогатуваат изгледот. Посвети внимание на состојки како железо што е важно за здрави нокти и Л- цистеин што ги зацврстува ноктите.

Препорачуваме: Wellness By Oriflame Нутрикомплекс за коса и нокти

 

img-2.jpg 

НОСИ РАКАВИЦИ НАДВОР – НО И КОГА СИ ВНАТРЕ
Ракавиците се неопходни во зима! И не мислиме само на обичниот пар памучни ракавици. Сет од хидратантни ракавици исполнети со NovAge Intensive Age Defence Крем за раце со заштитен фактор 25 е одличен за зимските месеци. Само облечи ги кога на кожата и е потребно дополнителна нега или користи ги прекуноќ за подлабока хидратација.

Препорачуваме: NovAge Хидратантни ракавици