Зoшто треба да користите масла

Маслата брзо станаа лек-за-се во индустријата за убавина. Но, доколку сте барем малку како нас, самата идеа за масла ќе ве поттикне да помислите на осипи, црнки и масна коса. Но, не плашете се, маслата нудат неверојатни придобивки. Ова е нашиот водич за користење масла, од главата до петите.

МАСЛО ЗА КОЖА 
Како што старееме, бчките почнуваат да стануваат се подлабоки. Ова се слушува поради тоа што природните масла на кожата помалку се лачат, влажносната бариера попушта и кожата се суши. Додека повеќето дневни и ноќни креми содржат мала количина на масла, многу често тоа не е доволно за да има значително влијание на губитокот на вода – тука маслата стапуваат на сцена. Бидејќи маслата се липофилични (односно ги сакаат мастите) тие поминуваат низ липидниот слој на кожата побрзо. Како резултат на тоа, го превенираат губитокот на вода и ја полнат кожата со влажност.

Како да користите масла за кожа:
Доколку нанесете масла пред вашиот крем против стареење, молекулите на маслото ќе ја наведат кожата да ги пропушти активните состојки – како гликолична киселина – подлабоко во кожата. Нанесувајте преку ден или навечер за да на навлажните и подигненте кожата, оставајќи ја совршено мека.

Препорачуваме: Love Nature Масло за лице од дива роза



 МАСЛО ЗА КУТИКУЛИ

Високо квалитетното масло за кутикули ја негува кожата околу вашите ноктии кутикули. Тоа исто така им дава на ноктите прекрасен сјај и може да го продолжи траењето на вашиот маникир.

Како да користите масло за кутикули:
Отстранете го лакот за нокти за да може маслото за кутикули да навлезе во ноктите лесно. Нанесете на целиот нокт и кутикулите со масирање на областа и бришење на бишокот масло со хартиено марамче. Кога ноктот потполно ќе се исуши, нанесете лак за нокти, и додајте уште еден слој од маслото за вашиот маникир да трае подолго.

Препорачуваме: The One Масло за потхранување на нокти


ПРОДУКТИ ЗА НЕГА НА КОСА ЗБОГАТЕНИ СО МАСЛА


Можеби сте запознаени со продуктите за нега на коса базирани на масла, и претпоставувате дека тие ќе ви ја направат косата масна или тешка, но ќе згрешите. Овие специјализирани производи длабински ја негуваат косата, оставајќи ја лесна и полно со живост. Шампоните, регенераторите и маските за коса збогатени со  масла, ја зајакнуваат косата од внатре, и придонесуваат за здрав скалп и мазна, сјајна коса.

Како да ги користите продуктите за нега на коса базирани на масла:
Нанесете од шампонот збогатен со масла на мокра коса, измасирајте го убаво во скалпот и косата со кружни движења. Направете сапуница со малку вода пред да го измиете темелно. Регенераторот и маската треба да се нанесуваат по должината и на врвовите на косата.

Препорачуваме: Eleo бренд за нега на коса


 

МАСЛО ЗА КОСА

Ништо не ја храни и навлажнува сувата коса кпобрзо од добро масло за коса. Маслото за коса ги задржува кадриците и разлетаните прамени на место, оставајќи ја вашата коса да излгеда мазна и здрава. Препорачуваме масло од марокански арган, кое е богато со антиоксиданти. Има ефект на затварање на кутикилите на влакната на површината, со што се создава природен штит кој ја зајакнува косата. Природното масло од роза е уште едно интересно масло кое е погодно за косата. Тоа ја враќа живоста на кожата, и ја прави косата лесна за стилизирање.

Како да употребувате масло за коса:
Нанесувањето масло на мокра коса е најчест начин на употреба на овој производ. Нанесете на врвотите, и избегнувајте го коренот. Доколку преферирате да употребувате масло на сува коса, ставете само една или две дози и внимателно нанесете на краевите.

Препорачуваме: Eleo масло за мазна коса и Eleo масло за заштита на коса



Текст: Sanna Franklin    


Текст: Фотографии: Shutterstock