Skin Care routine

Зошто ви е потребна рутина за нега на кожа

Според Орифлеим-експертот за нега на кожа Мелина Галеади, се што ви е потребно се две минути, два пати дневно и може да имате драматично подобра кожа. Ако сеуште се двоумите за употребата на рутина која содржи повеќе производи, нашето интервју со Мелина може да ви го промени мислењето!

Зошто е потребно да следина рутина за нега на кожа?
Различните производи се формулирана за решат различни проблеми. Следењето на комплетна рутина за нега значи кожата да биде соодветно исчистена, хидрирана и негувана да ви ги даде најдобрите можни резултати.

Кои производи ги вклучува сетот? 

За да бидете сигурни дека кожата е соодветно негувана и да добиете оптимални резултати, препорачуваме четири чекори: средство за чистење, тоник, крем за очи, дневен и ноќен крем.

Што е разликата меѓу средство за чистење на лицето и тоник?  
Соодветното чистење и тонирање гочисти лицето и ја подготвува кожата да ги апсорбира производите кои следат. Додека средството за чистење ги отстранува нечистотиите, вишокот масти и мртвите клетки на кожата, тоникот ги отстранува последните траги од шминка. Тоникот исто така ја затегнува кожата за ги намали порите и да го балансира нивото на пх-вредноста. 

"За да бидете сигурни дека кожата е соодветно негувана и да добиете оптимални резултати, препорачуваме четири чекори: средство за чистење, тоник, крем за очи, дневен и ноќен крем."



Зошто нанесувањето крем за очи е втор чекор во рутината?
Кремовите за очи имаат полесна текстура од дневните или ноќните креми кои се моошне побогати. Овие потешки производи ќе ја спречат ефективната абсорпција на кремот за очи и нема да ги добиете посакуваните резултати.

Но зошто се нанесува крем за очи само на областа под окото а не и на капакот?  
Вистината е, бидејќи не е потребно. Капакот на окото природно произведува масла што го одржуваат соодветно хидриран - плус повеќетознаци на стареење се појавуваат околу и под очите.

Значи, редоследот по кој ги нанесувам производите е важен?
Да. Пров кожата треба да е чиста, а потоа да ја негувате. Основното правило е: колку текстурата на производот е потешка, толку помалку треаб да нанесете од истиот.

Тогаш, не треба да се прескокнува серумот?
Дефинитивно не. Серумите имаат високаконцентрација на активни состојкки како антиоксиданси, киселини и витамини. Нивната лесна текстура ги доставува нутриентите побрзо и подлабоко во кожата отколку хидратантните кремови.

Зошто не може да користам дневен крем преку ноќ?  
Нашата кожа следи природен циклус. Во текот на денот се бори против агресорите од околуната,а во текот на ноќта се опоравува од нив.Дневниот крем обично содржи СПФ за да јазаштите кожата од штетните сончеви зраци, додека ноќниот крем и обезбедува побогата нега на кожата додека спиете.

Дали сите чекоти се подеднакво важни?Novage True Perfection
Производите во рутината се направени така да работат заедно како целина, по специфичен редослед за да ви дадат најдобри резултати. Кога објавуваме искази како “33% намалување на брчките” во врска со Ecollagen, или “70% повеќе еластичност”  за Ultimate Lift, ние се осврнуваме на клиничките резултати од тестирањата спроведени со користење на производите како дел од комплетна дневна рутина во период од 3 месеци.

Коклу брзо може да очекуваме да видиме резултати од следењето на рутина за нега на кожа? 

Сите наши клинички тестирања се извршени во период од 12 недели, па нашите тврдења се потпираат на тоа. Кога велиме дека True Perfection ви дава “95%  повеќе сјај” ние велиме дека ако ја следите рутината ќе можете да ги видите првите резултати за 12 недели. Но ве молиме да запомните дека кај сите е различно. Гените и начинот на живот, како на пример изложеноста на сонце, исхраната и загаденоста во местото каде живеете, сите имаат влијание на тоа какви и колку брзо ќе имате резулатати.





Текст: Фотографии: Fotolia, Oriflame