Зошто е важна водата за вашето здравје

Сигурно знаете дека водата е важна за вашето здравје и за вашиот добар изглед. Но зошто? Како влијае водата на вашето тело? Прочитајте овде!

1. ЗА ДОБРА ФУНКЦИЈА НА МОЗОКОТ
Дали
знаете дека мозокот содржи околу 80% вода? Всушност, за да функционира добро, вашиот мозок зависи од балансот помеѓу водата и различните елементи. Ако губите премногу вода, вашите мозочни клетки нема да бидат ефикасни. Од друга страна, кога пиете вода, имате повеќе концентрација, спиете подобро, а и вашиот мозок функционира подобро.

2. МУ ПОМАГА НА ВАШЕТО СРЦЕ ДА ПУМПА КРВ
Вашето
срце работи постојано и пумпа 7.600 литри крв секој ден. Кога сте хидрирани, срцето работи полесно. Дехидрираноста, од друга страна, предизвикува понизок волумен на крвта, па вашето срце треба повеќе да работи за да им даде доволно кислород на клетките. 

3. ВИ ДАВА ЕНЕРГИЈА
Вашата
енергија зависи од вашето пиење вода. Истражувањата покажуваат дека жените што се дехидрирани честопати имаат полошо расположение. Наместо да наоѓате спас во кофеинот и шеќерот, пијте ги потребните работи.

4. Ѝ ПОМАГА НА ВАШАТА КОЖА
Можеби забележувате дека ако не пиете доволно вода, кожата ви е сува, затегната и уморна. Хидрираната кожа изгледа поубаво и поблескаво, бидејќи водата ја зголемува продуктивноста на клетките. Еден начин да ја зголемите хидратацијата на кожата е крем на малку влажна кожа, бидејќи така полесно се апсорбираат производите.

Текст: