Зошто парфемот е совршен подарок

Парфемот не е само нешто што може да ви даде убав мирис. Тој може да биде и одличен подарок!

ЗОШТО ПАРФЕМ?
Со оглед на бесконечните опции за одбирање подароци, можеби ќе се запрашате зошто да купите токму парфем? Парфемот не претставува само разновиден предмет, кој има повеќе намени, како носење на себе, освежување на облеката или создавање атмосфера во вашиот дом. Исто така претставува и емоционален подарок.

Да му подарите некому парфем, кажува дека сте размислувале многу за тоа каква личност е таа на која ѝ подарувате парфем и што всушност таа личност сака. Исто така претставува нешто што ќе го носи на себе секој ден, притоа со секое носење ќе мисли на вас. Затоа подарувањето парфем претставува знак на љубов.

Последно, но исто толку значајно, парфемот претставува специјален подарок бидејќи е нешто што луѓето не го купуваат често. Со убавите пакувања и прекрасните мириси, всушност,
ѝ кажувате на личноста на која ѝ го подарувате парфемот колку ви значи таа.


ЗОШТО БАШ НАШИТЕ ПАРФЕМИ?
Сега, откако установивме дека парфемите претставуваат совршен подарок, можеби ќе се запрашате што ги прави посебни парфемите на „Орифлеим“? Нашиот експерт за парфеми Солвита Акмене ги има одговорите.

„Има неколку причини зошто нашите парфеми се посебни. Прво, имаме 50 години експертиза. Тоа е еден цел живот посветен на истражување кои мириси луѓето најмногу ги сакаат. Досега работевме со светски признаени парфимери-експерти што ги создале едни од најкултните мириси што се некогаш создадени. Второ, ние сме многу посветени на врвниот квалитет и на долготрајните мириси и нашата напорна работа нѐ доведе до признанија низ целиот свет. Затоа и не е чудно што ние сме четврти најдобар бренд на мириси во земјите каде што работиме. Тоа е нешто на кое сме многу горди!“

КАКО ДА КУПИТЕ ПАРФЕМ ЗА НЕКОЈ ДРУГ?
Во ред, одлучивте да купите еден од нашите парфеми. Прекрасно! Последното прашање што останува е: Кој парфем да го одберете? И нема да ве излажеме, да се купува парфем за некој друг е тешко. Но има неколку трика што можете да ги испробате.

Почнете со изгледот на стилот и личноста на човекот кому сакате да му подарите парфем. Тоа што го носи и како се однесува може да ви каже дали на личноста ѝ се допаѓаат спортски, флертувачки или посензуални мириси. Исто така можете да го искористите и мирисот на парфемот што таа го користи во моментот како водич за да пронајдете парфем со слични ноти на мирис. И ако сѐ уште се двоумите, земете помалечко шише со кое би започнале.

Не можете да го помириснете парфемот: Кликнете тука за да го прочитате нашиот водич за купување парфеми онлајн.





Текст: Фотографии: Oriflame Brand Images