Зошто треба да го чистиме лицето двапати?

Не, сапун и вода не се доволни! Се прашуваш зошто треба длабоко да го исчистиш лицето? Прочитај подолу!

Ќе ти ја откриеме тајната на чистата кожа и подобро лепење на шминката! Тајната е во методот на двојно чистење! Затоа го создадовме нашето масло за чистење лице NovAge - за твојата кожа навистина да блесне со длабок сјај. Ти требаат повеќе причини зошто треба длабоко да ја исчистиш кожата? Разговаравме со д-р Ален Мавон, виш директор за истражување и развој на Орифлеим и дознавме повеќе за овој чудесен метод.

img-1.jpg 

Двојното чистење станува сè попопуларно. Што е толку посебно за овој метод?
АМ: Двојното чистење е напреден метод за чистење на лицето кој потекнува од Азија. Тоа вклучува миење на лицето во два чекора, прво со средство на база на масло, а потоа со средство на база на вода.

Како функционира двојното чистење?
АМ: Науката ни кажува дека маслото и водата не одат заедно. Затоа, треба да користиш средство на база на масло за да ги отстраниш нечистотиите на база на масло како што се СПФ, водоотпорната шминка, честичките од загадувањето и вишокот маснотии, бидејќи неправилно отстранетите нечистотии доведуваат до затнување на порите и формирање на акни. Затоа овој метод на чистење на лицето е толку важен, особено навечер

img-2.jpg 

Дали двојното чистење ќе ја подобри состојбата на мојата кожа?
АМ: Секако. Двојното чистење секоја вечер ќе го зголеми сјајот на кожата и ќе им овозможи на серумите, навлажнувачите и производите кои дејствуваат преку ноќ да навлезат во подлабоките слоеви на кожата и да бидат поефикасни. И ако твојата кожа е освежена и твоите пори се исчистени, таа ќе изгледа порамномерно и помладо.

Може ли да користам средство за чистење на база на масло ако имам мрсна кожа?
АМ: Секако. Ако имате мрсна кожа, чистењето на база на масло е уште поважно - едноставно затоа што на твојата кожа има повеќе нечистотии на база на масло.

Дали NovAge маслото за чистење лице дејствува на сите типови кожа?
AM: Секако. Се работи за темелно тестирана хранлива формулација. Не содржи бои, мириси или минерални масла, а неговата главна состојка е маслото од јаглика, кое ја смирува и измазнува кожата со заситените масни киселини кои кожата ги обожава и на тој начин и обезбедува дополнителна нега.

img-3.jpg 

Како се користи NovAge маслото за чистење лице?
AM: На самиот почеток на твојата рутина за нега на кожата, едноставно истискај двапати од маслото во твоите дланки. Нанеси на целото лице, затвори ги очите и нежно масирај. Доколку имаш мрсна Т-зона, посвети повеќе внимание на таа област. Потоа потпопи ги рацете во млака вода и продолжи со масирање на лицето додека маслото не се претвори во млечно бел лосион. За двојно чистење, потоа исчисти го лицето со вообичаеното средство за чистење. Исплакни и уживај во мазна, хидрирана и освежена кожа.