Кој концентриран тоник најмногу ти одговара на кожата?

Што е концентриран тоник и кога се користи? Продолжи со читање за да дознаеш сѐ што ти е потребно за новиот концентриран тоник Optimals!

Што е концентриран тоник?
Концентрираните тоници Optimals се мали шишенца со прекрасна течност, создадени да ја подобрат рутината за нега на кожата. Концентрираниот тоник цели на привремени проблеми со кожата предизвикани од животниот стил. Тие проблеми може да бидат од недостиг на сјај по долг дехидрирачки лет до затнати пори поради преголемо количество чоколадо (упс!). Концентрираниот тоник доаѓа во шишенце со пипета, кое го обожаваме! 

Кога се користи?
Секогаш кога мислиш дека на кожата ѝ е потребна дополнителна нега, нема сјај и е помрсна или посува од вообичаено.

Концентриран тоник и серум?
Концентрираните тоници одговараат на сите типови кожа и се користат за привремени проблеми со кожата предизвикани од фактори од животниот стил, како неспиење, лоша исхрана или студено време.

Серумите се користат како дел од рутината за нега на кожата и за постојаните проблеми со кожата, како тие со мрсната, нормалната или со сувата кожа. Серумите помагаат за зголемување на ефектите на дневниот или на ноќниот крем.

Како се користи?
Измешај неколку капки од концентрираниот тоник со обичен крем за лице и потоа нанеси го на кожата!

Кој концентриран тоник најдобро одговара на мојата кожа?

 

Кожа без свежина и сјај?
Тогаш на твојата кожа ќе ѝ одговара концентрираниот тоник Optimals Radiance Booster! Концентрираниот тоник Radiance Booster содржи црна рибизла, цреша и никотинамид, кои помагаат за хидрирање на кожата, ја поттикнуваат обновата на клетките, ја спречуваат пигментацијата и ја осветлуваат кожата, што ѝ дава извонредно блескав изглед на кожата.

Затнати пори и мрсна кожа?
Пробај го концентрираниот тоник за прочистување Optimals! Мрсната кожа често се поврзува со стрес и исхрана што изобилува со процесирана храна и премалку зеленчук. Концентрираниот тоник содржи огрозд, морски зрнастец, провитамин Б5 и активна состојка Pure Marine, кои заедно помагаат за обнова и заштита на кожните клетки, хидратација, смирување и прочистување на кожата.

Сува или затегната кожа?
Тогаш, потхранувачкиот концентриран тоник за лице Optimals  е за тебе! Ако го помина денот на сонце и имаш сува кожа, идеално време е да го збогатиш ноќниот крем. Потхранувачкиот концентриран тоник содржи масло од шипка, масло од репка, масло од камелина сатива и витамин Е, кои моментално ја освежуваат кожата.

Текст: