Кој е вашиот мирис според хороскопот?

Има и полесен начин да го најдете вашиот мирис - едноставно одговорете едно прашање: кога сте родени? Вашиот хороскопски знак влијае на вашиот карактер и вашите преференци, па затоа ги погледнавме ѕвездите за да го селектираме најдобриот мирис според вашиот знак.

ОВЕН (Март 21 – Aприл 19)

Овните имаат силна волја и обично се креативни и мотивирани личности. Познат по својот огнен темперамент и страст, на овенот му одговараат интензивни мириси со ретка цветна комбинација во срцето. Црвениот јасмин е уникатен и провоцирачки како и овенот, затоа не барајте понатаму, My Red е вистинскиот мирис за вас.

БИК (AПРИЛ 20  - Maј 20)

Најтврдоглавиот од хороскопските знаци, и најлојалниот. Биковите се познати по нивната дарежливост и трпение што ги прават сакани и добри пријатели. Тие имаат око за убави нешта и сензуален карактер па затоа треба да носат Amber Elixir; неговите топли килибарни ноти потсеуваат на нивниот елемент, земјата.


БЛИЗНАЦИ (Maј 21 – Јуни 20)

Еден збор: Непредвидливи. Но овој променлив карактер исто така носи прилагодливост, искреност и харизма. Припаѓа на елементот воздух, и неговиот игрив карактер треба да се надополни со свеж мирис. Мирисот на диви јаготки и подигнувачките цветни ноти на Happydisiac се полни со дух како вас. 

РАК (Јуни 21 – Jули 22)
Раковите го обожаваат домот. Водени од Месечината, нив им треба време за себе, но тие им се најпредадени пријатели, отворено нудејќи им симпатија и совети кога е потребно. Преферираат нешто полесно, па затоа раковите треба да бараат тоалетна вода која е нежна и смирувачка: мирисот на кралската белиот крин во срцето на Tenderly Promise ќе ви даде комфор и задоволство.

ЛАВ (Jули 23 – Aвгуст 22)

Самоуверениот лав е природен водач. Тие се силни индивиду кои не се плашат од конфлликт, но под нивниот силен екстериер се крие грижлива и личност полна со љубов. Може да биде само Possess Eau de Parfum за вас лавови, инспирирана од Клеопатра, со маѓепсувачкиот иланг иланг, овој мирис е хипнотизирачки колку и вас самите. 

ДЕВИЦА (Август 23 – Септември 21)

Девиците се перфекционисти. Тие се испитувачки типови со аналитички умови и бидејќи си небљудувачи по природа, тие исто така се вешти кога им помагаат на другите. На вашата стабилна природа и одговара Naked Truth, парфимираната тоалетна вода која има интимен мирис на мек цвет од памук во своето срце.


ВАГА (Септември 22 – Oктомври 23)

Постои причина зашто тие се претставени како ваги. добро балансирани и праведни, нежните ваги сакаат да бидат надвор. Нивна планета владетел е Венера, па тие се романтични и бараат убавина во се што прават. Elvie, кој го отскликива мирисот на криновите во долината кои растат во скандинавската шума, е хармоничен колку вас.

СКОРПИЈА (Октомври 24 – Ноември 21)

Храбри и сигурни, скорпиите се одлучни (и тврдоглави!). Тие чуваат тајни најдобро од сите знаци, но оваа смиреност ја маскира страствената срцевина. Нескротениот цвет од ѓумбир кој го има во So Fever Her има огнено топло и мистериозно сродство со вашиот карактер. 

СТРЕЛЕЦ (November 22 – December 21)

Со вашиот авантуристички дух и енергичен став, без сомнеж може да кажеме дека ваш мирис е Voyager. Стрелците се оптимисти кои сакаат да истражуваат. Ги води Јупитер, па на моменти можат да бидат нетактични, но како и Voyager, тие се вибрантни и егзотични, со сласт и изненадување во средината. 

ЈАРЕЦ (December 22 – January 19)

Јарците се традиционалисти. Како земјен знак, тие се многу приземјени и независни, и да, некои велат дека знаат да бидат и нетолерантни. Ќе го ценат безвременскиот квалитет на Giordani Gold; сончевата мандарина, пачули и лилјан, ги имаат истата самодоверба која ја имате во себе. 


ВОДОЛИЈА (January 20 – February 18)

Водолиите се лесно прилагодливи и водени од интелеткт и ја бараат вистината. Како и водухот така и тие не сакаат некој да ги задржува и да ги враќа назад, па затоа на моменти може да бидат претерано сензитивни. Како Divine вие сте лесни и сензуални, мирис на бел мошус и сандаловина кои и одговараат на вашата отворена природна.


РИБИ (February 19 – March 20)

Ako  “убавото живеење” има мирис, тоа би бил Giordani Gold Essenza,и рибите не сакаат ништо друго туку да живеат убаво. Слободно ги изразувате вашите емоции и понекогаш тоа другите го сметаат за наивност. Овој цветен, дрвенест мирис го има екслузивниот мирис на цветови од портокал во своето срце, мирис во кој уметничката риба ќе ужива.

Текст: Фотографии: Oriflame