Нега за кожа инспирирана од шведската природа

Уште од самиот почеток, пред 50 години, инспирацијата ја црпиме од шведската природа. Со повторното лансирање на Optimals, ви претставуваме нова линија против стареење: Age Revive. Цели кон повеќе знаци на стареење со уникатни природни миксови на шведски состојки. Сакате да знаете повеќе? Погледнете го ова интервју со нашата експертка за нега на кожа Мелина Галеади.

1. ЗОШТО НАШИТЕ OPTIMALS ПРОИЗВОДИ СОДРЖАТ ПРИРОДНА МЕШАВИНА ОД ШВЕДСКИ ПРИРОДНИ СОСТОЈКИ?
Дел од нашето наследство е да создаваме производи што се инспирирани од природата  и ја почитуваат. Низ изминатите декади научивме многу за природните состојки и за нивните придобивки, тогаш имаше смисла да се наклониме кон шведската природа за инспирација за креирање на нашите нови линии Optimals. Секој екстракт на единствен начин е измешан од страна на научниците на Орифлеим за да се создаде решение што најдобро прилега на секоја потреба на кожата.

2. ШТО Е ТОА КАЈ ШВЕДСКИТЕ СОСТОЈКИ ШТО ВЕ ИНСПИРИРА?
Некои од најотпорните растенија на светот се наоѓаат токму во Шведска. Ставени на тест од често тешката северна клима, тие издржуваат годишна промена на температурата што варира од -20 до +30°C. Овие услови се екстремни за флората. За да преживеат на температури под нулата, растенијата мора да се способни да зачуваат хранливи материи. Ова резултира со растенија што се богати со концентрации на антиоксиданти, витамини и есенцијални масла, состојки што се наоѓаат токму во екстрактите што ги избравме. ние

3. КАЖЕТЕ НИ ПОВЕЌЕ ЗА СОСТОЈКИТЕ!
Во додаток со другите состојки што се дел од составот на производите за нега на кожа, линијата Age Revive комбинира 11 природни состојки што можат да се најдат во шведската природа: сребрена бреза, црвена рибизла, морски зрнастец, ленено масло, капинка, див костен, црна рибизла, малинка, смрека, овес и црвена детелинка. Овие состојки се комбинирани несекојдневно за да се создадат индивидуални миксови за секој продукт во линијата на Age Revive; сите се избрани за да ви помогнат да ја направите вашата кожа поубава и помладолика. Некои од нив имаат и хранливи и хидрирачки својства, кои помагаат при грижата за кожата, а други помагаат да се спречат стареењето на кожата, брчките, темните кругови и губењето на цврстината.

4. КАЖЕТЕ НИ ПОВЕЌЕ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ ОД ЛИНИЈАТА AGE REVIVE!
Целта на Age Revive  е да им понуди на луѓето поедноставно, наедно и поефективно, решение сѐ во едно за нивните потреби против стареењето на кожата. Тоа значеше да се креира една линија производи што целат кон повеќе знаци на стареење. За да може да се направи тоа, моравме да се осигуриме дека секоја ефективна формула на Age Revive цели кон одредена потреба за кожата. Затоа е важна целосна рутина, со сите продукти од линијата.


Текст: