Како делува шеќерот на вашата кожа

Веројатно досега сте прочитале доста за шеќерот - влијанието кое го има на вашата линија и здравје е мошне актулна тема. Но, дали сте знаеле дека шеќерот исто така може да влијае и на вашите брчки? Еве се што треба да знаете и како да го намалите ова негативно влијание.

ЗОШТО ШЕЌЕРОТ ВЕ ОСТАРУВА
Влијанието исхрната богата со шеќер станува видливо по 35тата, кога кожата почнува побрзо да го губи колагенот, отколку што го создава. Науката го вели следново: шеќерите од вашата исхрана, се задржуваат на протеините во вашата кожа преку процес наречен гликација. Ова предизвикува клетките на кожата да станат крути, ослабнати и да добијат жолата боја.  И како изгледа тоа на површината на вашата кожа? Брчки, опуштена кожа и безживотен тен - познатите знаци на стареење.

Не само што го оштетува колагенот, туку шеќерот има влијание и врз типот на колаген што вашата кожа го произведува. Шеќерот го трансформира силниот долготраен колаген во слаб, покршлив колаген што е поранлив на штетните ефекти од средината, вклучувајќи го најлошиот од сите - оштетувањето од сонцето!

НЕ ПАНИЧЕТЕ
Да разјасниме: ако имате нормални нивоа на глукоза во крвта, тогаш гликацијата е нормален процес кој ќе се случи со текот на времето - и е природен. Оне што не е природно се високите нивоа на шеќер што го убрзуваат овој процес.

КОИ ШЕЌЕРИ ДА ГИ ИЗБЕГНУВАТЕ
Постојат очигледните шеќери што ги има во газираните сокови, тортите и колачите и секако, шеќерот кој самите го додавате во вашиот чај или кафе. Но, исто така треба да се држите подалеку од простите јаглехидрати, како бел леб и тестенини исто така. Внимавајте на скриените шеќери, како пченкарен сируп, кој се покажало дека ја заврзува гликацијата до 10 пати!

ШЕЌЕРИ ВО КОИ МОЖЕТЕ ДА УЖИВАТЕ
Препорачаната дневна доза шеќер е 6 лажички - околу 100 калории дневно - и треба да ги внесувате паметно. Природните шеќери вклучуваат фруктоза и лактоза и се добри за вас. Нив ги има во овошјето и зеленчукот, млекото и млечните производи, и ги содржат здравите влакна за кожата, витамини и антиоксирантите што му се потребни на вашето тело.

ШТО МОЖЕТЕ СЕГА ДА НАПРАВИТЕ
Најдобриот начин да дејствувате против стареењето во овој случај, е контрола на исхранта, намалете ги калориите и избегнувајте шеќери. Обидете се да вклучите храна богата со антиоксиданти. Пијте зелен чај, ужинајте свежи боровинки и ореви, јадете црвени пиперки, антиоксидантите се борат против слободните радикали (како шеќерите) и ги спречуваат од поврзувањето со протеините во клетките на вашата кожа

Покрај соодветната исхрана, козметичката индустрија почнува да формулира производи што ги таргетираат штетните ефекти од шеќерите, но сеуште се во раната фаза. Во меѓу време, борете се со процесот на гликација со производи за нега на кожа што го зголемуваат производството на колаген и ги пополнуваат тенките линии - ние ги обожаваме Ecollagen. Или, доколку веќе имате оуште на кожа, пробајте рутина која додава еластичност (како NovAge Ultimate Lift). И најважно од се, секој ден користете производи со СПФ за да ја заштитите кожата од понатамошно оштетување.





Текст: Фотографии: Getty Images