Мојата Wellness приказна

Преку нашиот Wellness предизвик, кој го започнавме на почетокот на новата година, добивме можност да ја дознаеме инспиративната приказна на Снежана Станојкова и да откриеме што за неа значат Wellness производите.

Јас сум Снежана, независен Орифлеим директор

Мојата Wellness приказна започна во 2008г. и оттогаш сите производи се дел од моето секојдневие. Основен елемент во мојот животен стил е балансот.. Почнувајки од начинот на мојата исхрана, односот кон природните закони, социјалната конекција, начинот на размислување, односот кон семејството и односот кон работата. Она што си го посакувам на себе си, им го посакувам на сите луѓе, а тоа е одлично здравје, животна енергија, одличен телесен состав, кондиција, фокус и виталност.

Препорачувајки ги Wellness производите, многу луѓе во моето опкружување го почуствуваа бенефитот и денес се постојани корисници на Wellness линијата и дел од мојот Орифлеим тим. Личната приказна, животниот стил, љубовта кон луѓето и нивната благосостојба се темел на мојот Wellness бизнис. Довербата, квалитетот, животните вредности, постојаниот развој и страста кон производите се вредностите со кои целиот мој тим се цели кон врвот.
Нашата мисија е здрава и среќна нација.