Моќта на растенијата

Корисно е да ги имаш сите факти кога станува збор за избирање добри производи за твојата кожа. Сепак, знаеме дека научниот жаргон може да биде збунувачки. Горди сме на нашето иновативно користење растителни матични клетки и затоа дозволи ни да ти објасниме што се тие и зошто се толку важни!

Што се растителни матични клетки?
Растителните матични клетки се посебни клетки, кои се извор на виталноста на растението. Тие се неопределени, што значи дека можат да се преобразат во секој вид клетка што му е потребна на растението.

За што се корисни растителните матични клетки?
При одредени услови (на пр. температура, светлина), растителните матични клетки може да произведат специфични фитохемикалии. Овие фитохемикалии се биолошки активни соединенија што ги вклучуваат антиоксидантите, ензимите, киселините и пептидите, кои, пак, содржат одлични својства за кожата и за телото!

Како ги користи Орифлеим растителните матични клетки за создавање производи?
По години истражувања, нашите научници сега создаваат растителни матични клетки во своите лаборатории. Видовите растенија се избираат според потенцијалните ефекти против стареење на нивните фитохемикалии. Растенијата и нивните клетки се одгледуваат под контролирани услови, за да растат како во природата!

На пример, нашата линија Ecollagen користи екстракти од растителни матични клетки добиени од рунолист. Планинскиот цвет специјално беше избран поради својата способност да ја штити кожата од знаците на стареење. Растителните матични клетки содржат моќни заштитни состојки што помагаат за неутрализирање на штетните влијанија што предизвикуваат стареење, кои ние можеме да ги искористиме во нашите производи за нега на кожата!

Дали користењето растителни матични клетки е одржливо?
Постојано сме во потрага по нови научни иновации, за да го доловиме најдоброто од природата во нашите производи на екоетичен начин! Користењето растителни матични клетки е високо одржливо и ни овозможува одлична разновидност!

Растителните матични клетки може да се обноват за да овозможат речиси бескраен извор на алтернативи. Тие се одржуваат во живот додека истовремено дејствуваат како постојан извор на нови клетки што може да станат дел од коренот, стеблото и листовите на растението.

Ова ги прави одличен извор на природни активни состојки. Во лабораторијата можеме да култивираме бескраен извор растителни матични клетки речиси од секое растение што ќе го избереме! За користењето растителни матични клетки, исто така, е потребно околу 90% помалку вода од традиционалното одгледување растенија, како и помалку енергија и не се потребни пестициди и монополизација на драгоцена земјоделска земја.

Биди сигурен дека ти и планетата сте на прво место. Од истражувањето состојки до создавањето делотворни состави, ја користиме науката, се грижиме за природата и мислиме на тебе!

Текст: