ВЕЖБА: БИКРАМ-ЈОГА
ПРОБЛЕМ СО КОЖА: ЦРВЕНИЛО
Модерно е да се вежба јога на топли температури и тоа е добро за вашето тело, но не и за кожата. Замрзнете маска за лице што содржи краставица или алое вера и намалете го црвенилото. Ако сте склони кон розацеја, егзем или други состојби на кожата, правете јога на пониски температури. За жал, жешката јога може да ја вашата состојба.
Ќе ви се допадне: Love Nature Гел маска од алое вера
ВЕЖБА: ПЛИВАЊЕ
ПРОБЛЕМ СО КОЖА: СУВА КОЖА
Хлорот е познат по тоа што ја лишува кожата од нејзините природни масла и предизвикува сушење. Ако најчесто го миете лицето со лосион во пена, обидете се да го замените со млеко за чистење. Тоа има покремаста текстура и е создадено за да ја храни кожата и да ги отстрани нечистотиите. Исто така, за хидрирање однатре, пијте многу вода пред и по пливањето.
Ќе ви се допадне: EcoBeauty Млеко за чистење лице
ВЕЖБА: ИНТЕНЗИВЕН ТРЕНИНГ
ПРОБЛЕМ СО КОЖА: АКНИ
Акните што настануваат поради потење се резултат на мрсно, бактерии или мртви кожни клетки што се мешаат со потта и ги затнуваат порите. Добрата вест е што ова може да се реши лесно! Едноставно, отстранете ја шминката пред вежбањето, а додека сте во вежбалницата, користете ја својата крпа за да ја отстраните потта. Секако, туширајте се секогаш по вежбањето и исчистете го лицето.
Ќе ви се допадне: Love Nature Марамчиња за чистење лице
ВЕЖБА: ПОЛИГОН ЗА ОБУКА
ПРОБЛЕМ СО КОЖА: ФОТООШТЕТУВАЊЕ
Ако сакате да вежбате во надворешни услови, ви треба крем со заштитен фактор. Ако вашиот крем за заштита од сонце е пребогат за напорните активности надвор, а СПФ во вашиот дневен крем е пренизок за да ја заштити вашата кожа, пробајте специјализиран производ за вакви денови. NovAge ви нуди немрсен навлажнувач, кој е полесен од вообичаените производи за заштита од сонце и има заштита СПФ 30.
Ќе ви се допадне: NovAge Заштитен дневен крем СПФ30