3 шведски детали на нашите нови пакувања!

Зборувавме со Корнелија Греко, сениор-менаџерка на дизајн за глобални пакувања, за да дознаеме што се крие зад новите пакувања Wellness и да ја откриеме инспирацијата за нашите фантастични нови дизајни на производите Wellness by Oriflame.

1. ФУНКЦИОНАЛЕН ДИЗАЈН
Со својата визуелна стилска едноставност, современиот шведски дизајн го освои светот, како симбол на совршен спој од форма и функционалност. Со други зборови, тој претставува совршен функционален дизајн. Развивањето на една идеја со прагматичен, но ведар став е препознатлив белег на шведскиот дизајн, во сите полиња. Вистина е дека Швеѓаните се восхитуваат на вистинската убавина на секојдневните предмети!

За да ја оствариме нашата визија за новите пакувања, блиско соработувавме со едно од водечките наградувани студија за дизајн во Европа. Нашата цел беше да ја осовремениме нашата линија производи и да ја додадеме препознатливата префинета шведска естетика на нивниот изглед. Со менувањето на дизајнот, сакавме да создадеме практична линија што ги привлекува нашите потрошувачи и чувство на ексклузивност што одговара на квалитетните резултати на производите. Сметаме дека е важно дизајните да ја претставуваат приказната на секој производ на сентиментален и на рационален начин, за нашите потрошувачи да се вљубат во нашите производи. Исто така, сакавме да бидеме сигурни дека линијата, како и секој поединечен производ, е лесна за користење и за разбирање.

 

„За да ја оствариме нашата визија за новите пакувања, блиско соработувавме со едно од водечките наградувани студија за дизајн во Европа.“
- Корнелија Греко, сениор-менаџерка на дизајн за глобални пакувања

2. ПОБЕДА И ЗА ТЕБЕ И ЗА СРЕДИНАТА

 

Модерниот шведски дизајн сè повеќе се фокусира на одржливост и поради тоа, кога ќе погледнеш во која било нова кутија на производите Wellness by Oriflame, ќе забележиш дека не содржат упатство на посебен лист хартија!

Орифлеим ја сфаќа одржливоста многу сериозно и затоа се трудиме да ја примениме секогаш кога можеме. За време на редизајнот на нашите производи Wellness by Oriflame, воочивме шанса да го направиме токму тоа, така што ќе ги отстраниме упатствата што се наоѓаат на посебен лист хартија..
На овој начин драстично се намалува количеството искористена хартија, што значи дека со секој купен производ правиш нешто добро, не само за себе туку и за животната средина. Сите информации што досега се содржеа на одделните листови хартија, сега се практично испечатени на задниот дел и на страните на кутијата.

3. ИНСПИРИРАНО ОД БОИТЕ НА ШВЕДСКИТЕ ЗГРАДИ
Во големите градови, како и во најмалите села во Шведска, постои една очигледна карактеристика на шведската архитектура, а тоа е бојата на зградите. Боја на цимет, маслинеста, црвена, дури и пастелнорозови, жолти и сини бои, наредени едни до други, создаваат прекрасна разновидна палета, која се смета за шведски белег со векови.

Инспирирани од оваа долготрајна привлечност, вклучивме многу од овие прекрасни нијанси во создавањето на нашите нови пакувања, за да го прославиме нашето шведско наследство на суптилен начин. Сепак, сакавме да го задржиме идентитетот на брендот Wellness by Oriflame, кој стана многу препознатлив низ светот за време на последната деценија. Затоа ги задржавме живите виолетови бои на најпродаваните пакувања Wellness и на мултивитамините и минералите. 

 

Текст: Фотографии: Орифлеим