Три начини на кои Love Nature се грижи за океаните

Одржливоста отсекогаш ни била важна. Наоѓањето инспирација во природата и почита кон животната средина се клучни за нашата филозофија. Поради тоа, ја прашавме нашата советничка за одржливост, докторката Наташа Вилијамс Охенлен, да ни каже повеќе за како линијата Love Nature се грижи за средината и како им помага на океаните.

1. БИОРАЗГРАДЛИВИ
Преку нашата линија Love Nature, ние ја покажуваме нашата почит кон природата, посебно кон водите, така што го намалуваме влијанието на производите што се плакнат врз животната средина. Првата промена што ја направивме е што ги направивме биоразградливи составите на производите што се плакнат од Love Nature. Тоа значи дека тие природно ќе се разложат и нема негативно да влијаат врз животната средина.

2. ЗРНЦА ЗА ПИЛИНГ ОД ПРИРОДНО ПОТЕКЛО
Користиме зрнца за пилинг само од природно потекло во производите за пилинг на Love Nature, вклучувајќи семки од јагода и лушпи од бадем. Тие се од минерално или од растително потекло и природно се разложуваат.

3. БЕЗ СИЛИКОН
Иако силиконот може да ја измазни косата, тој е синтетички и тешко се разложува во природата. Исто така, силиконите можат да се наталожат со текот на времето и потенцијално да завршат во нашата храна. Поради тоа, решивме сите производи за нега на коса на Love Nature да ги изработиме без силикон.

Текст: Фотографии: Getty Images