3 рецепти за енергетски шејкови

Шејковите се одлична ужина кога немаш енергија ни време. Лесни се за подготвување и многу вкусни! Следуваат три начини на кои можеш да ја зголемиш твојата енергија со вкусен шејк.

1. НЕОДОЛИВ ЧОКОЛАДЕН ШЕЈК СО БАНАНА
1 Порција:
1 црпалка Natural Balance Шејк со вкус на чоколадо
150 мл млеко со ниска масленост
½ банана
3 јаткасти плодови (како ореви)
Свежо диво нане и исецкани јагоди за украсување

Помешај ги сите состојки, освен дивото нане и јагодите, во блендер. Послужи во ладна чаша со свежите јагоди и дивото нане како украс.


 

2. ВКУСНИ БОБИНКИ
1 Порција:
1 црпалка Natural Balance Шејк со вкус на јагода
150 мл млеко со ниска масленост
1 кафена лажица семки (како сончогледови семки)
3-4 свежи сезонски бобинки за украс (како малини)

Помешај ги сите состојки, освен бобинките, во блендер. Послужи во ладна чаша со свежите бобинки како украс.

 

 

3. ПОРТОКАЛОВО УЖИВАЊЕ
1 Порција:
1 црпалка Natural Balance Шејк со вкус на ванила
100 мл свежи исцеден сок од портокал
50 мл сок од морков

Помешај ги сите состојки во блендер. Послужи во ладна чаша со неколку парчиња портокал.

Текст: