3 лесни кардио-вежби

Мислиш дека е време да започнеш нова и поздрава рутина? Не грижи се, ние сме тука да ти помогнеме.

1. ВЕЖБИ СО ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА
Вежбите со телесна тежина се одлични
, бидејќи можеш да ги правиш во твојата дневна соба, во хотел или во дворот со твоите деца. Започни со кратки вежби од 5 до 15 минути за да бидеш мотивиран и прави ги 2-3 пати во неделата. Тоа се најмногу 45 минути вежбање секоја недела, лесно нели? Исто така можеш да комбинираш кардио со вежби за сила, бидејќи постојат безброј варијации што нема да дозволат да ти стане здодевно.

2. КОРИСТИ ГО ТВОЕТО ТЕЛО КАКО ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО
Секогаш користи ги скалите (ако имаш доволно енергија
, можеш и да трчаш). Прошетај за време на ручек, симни се од автобусот некоја станица порано или користи велосипед за да одиш до трговски центар. Овие мали работи ќе направат многу за твоето кардио и за твоето здравје. На пример, искачувањето осум ката во денот може да го намали ризикот на смртност до 33%!

3. ИГРАЈ СИ! 
Организирај мал танц во дневната соба, играј фудбал со децата или пешачи со пријателите. Ваквите
активности не се сметаат за вежби, но сепак ги горат мастите и ја подобруваат твојата физичка состојба. Биди креативен и активен и прави го тоа што го сакаш! Играњето и забавата лачат серотонин, ти помагаат подобро да спиеш и да имаш повеќе енергија.

Текст: