Како вашата ДНК влијае на стареењето на кожата

Дали за младешкиот изглед се „виновни“ гените или нешто друго? Што има најголемо влијание врз нашата кожа? За да дознаеме, разговаравме со нашата експертка за нега на кожа Мелина Галеади!

Прво, што е тоа ДНК?
Накратко, ДНК ги носи сите информации за она што нѐ прави уникатни. Ние ги наследуваме овие информации од двата биолошки родители и затоа нашите гени ни припаѓаат само нам. Освен ако имаме близнак.

Ако нашите гени одредуваат како изгледаме - нашата боја на коса, висина, градба - сигурно тоа има најголемо влијание и врз стареењето на кожата, нели?
Најновите истражувања покажуваат дека иако гените играат улога во нашето стареење, најголемиот дел - всушност 80% - е одреден од нашиот сопствен животен стил и факторите на животната средина. Кога велам животен стил, мислам на добро спиење, здрава исхрана, пиење доволно вода и уште многу работи. Факторите на животната средина вклучуваат изложеност на сонце, чад од цигари, загадување на воздухот и работа во влажни простории.

Дали овие фактори се штетни за кожата?
Најчесто да, бидејќи тие прават кожата да оксидира.

Видете, кога кислородот се метаболизира во нашите тела, тој создава слободни радикали што ги оштетуваат нашите клетки. Присуството на слободните радикали во нашите тела е всушност добра работа, бидејќи тие ни се потребни за добра функција на нашиот систем. Сепак, преголемо количество слободни радикали може да доведе до болести, како на пример болести на срцето и некои видови рак. Слободните радикали исто така влијаат и на квалитетот на нашата кожа, бидејќи го забрзуваат процесот на стареење. Стресот, пушењето, алкохолот, сонцето и загадувањето се многу штетни работи за кожата.

Но зошто е сонцето толку штетно?
Преголемата изложеност на сонце има многу штетни последици - ракот на кожата е најлошата. Штетните УВ-зраци на сонцето предизвикуваат дамки и водат до обезбојување на кожата, нарушување на еластинот и колагенот и така се создаваат брчки и висната кожа.

Но мора да нагласам дека малку сонце е добро исто така! Витаминот Д се создава од сонцето и потребен му е на нашето тело за апсорбирање калциум за посилни коски и поздрав имунитет. Витаминот Д исто така е познат и како „среќен“ витамин. Десет минути на сонце во денот, во зависност од периодот во годината и температурата, се доволни да се произведе витамин Д.

Што можеме да направиме за да ја спречиме кожата да старее брзо?
Бидете претпазливи. Одбегнувајте преголема изложеност на сонце, хидрирајте се како што треба, јадете здраво и користете дневна рутина за нега на кожа што ги отстранува нечистотиите и нуди активни состојки што го забрзуваат процесот на стареење.

Дали е премногу доцна да се обидеме да имаме кожа што изгледа помладо?
Никогаш не е доцна да се користат вистинските производи. Бидејќи оштетувањето од прекумерната изложеност на сонце се зголемува со текот на времето, поголемиот дел од штетата е направен во нашите 20-ти. Сепак, состојбата на кожата може секогаш да се подобри ако се користи вистинската рутина за нега на кожата.

 






Текст: