1 трик за полесно вежбање

Да се најде мотивација за вежбање понекогаш е многу тешко. Животот како постојано да ни создава пречки. Знаеме како е. Но постои еден трик што може да те врати во акција. Тоа е твојот другар за вежбање.

ТИМСКА РАБОТА
Клучно е да најдеш рутина на која можеш да ѝ
се посветиш – само тогаш ќе го постигнеш посакуваниот успех! А, зарем има подобар начин од тоа да го правиш со другар? Некој што ќе те предизвика кога ти е тешко, што ќе ти биде поддршка кога ќе сакаш да се откажеш и што ќе те дружи додека вежбаш.

ПРОНАЈДИ ГО ТВОЈОТ ПАРТНЕР
Посто
јат многу придобивки од тоа да имаш партнер за вежбање, а одбирањето на партнерот е првиот чекор кон поздраво утре. Кога одбираш партнер, обиди се да одбереш некој што е подобар од тебе и што е посветен. Тоа ќе ти овозможи да излезеш од зоната на комфорот и да дадеш повеќе!

Ако чувствуваш дека веќе имаш мотивација, но сакаш да најдеш нова причина за да одиш во вежбалница, одбери партнер на кој ти си му попотребен отколку тој тебе – не постои поголема мотивација од тоа да му помогнеш на некој да ги постигне своите цели! Ќе се чувствуваш одлично што некој може да смета на тебе!

Ако никој од твоите блиски не е заинтересиран за вежбање, пронајди партнер на друго место. Побарај различни форуми за вежбање и онлајн-групи или некој колега на работа за кој знаеш дека вежба.

3 ЕКСТРА-ТРИКА ЗА УСПЕХ СО ТВОЈОТ ДРУГАР ЗА ВЕЖБАЊЕ 
Откако ќе го пронајдеш твојот партнер – одреди си план за вежбање и почитувај го! Прочитај три едноставни идеи што ќе ви помогнат тебе и на твојот партнер за вежбање да имате здрави рутини:

1. Одредете мали заеднички цели, постепено поставувајте си поголеми предизвици и пробувајте нешто ново. На пример, трчајте – малку здрава конкуренција никому не му штети!

2. Изнајмете личен тренер за двајцата – така ќе вежбате заедно, но и ќе го поделите трошокот!

3. Договорете се да се наградите кога ќе исполните некоја цел. Излегување, шопинг или патување за викенд се одличен поттик. Исто така е важно да поставите реални цели. Бидете реални секогаш!

Текст: