1. ЗАПОЧНИ ГО СЕКОЈ ОБРОК СО САЛАТА ВО БОЈА!
По консумирање овошје и зеленчук, ќе јадеш помалку калорична храна. Исто така ова ќе му овозможи на твоето тело многу антиоксиданти, витамини и минерали. Ако е можно, потруди се да одбереш органско овошје и зеленчук.
2. КОРИСТИ ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА
Секојдневното консумирање додаток во исхраната што содржи витамини, минерали, антиоксиданти и омега 3 масни киселини, ќе ти овозможи да ги добиеш хранливите состојки што се потребни за нормално функционирање на срцето, видот, метаболизмот и имунитетот.
3. ОГРАНИЧИ ГО КОНСУМИРАЊЕТО АЛКОХОЛ
Алкохолот може да предизвика проблеми со спиењето, може да го зголеми твојот апетит и е исто така калоричен и штетен за твоето тело. Затоа, ограничи го консумирањето и овозможи си поздрави празници.
4. КОРИСТИ ПЕДОМЕТАР И ПРАВИ 10.000 ЧЕКОРИ ВО ДЕНОТ
Лесните вежби, како што е чекорењето, ги топат масните наслаги, ја регулираат тежината, го зајакнуваат твоето тело и ти даваат повеќе енергија. Исто така тоа е одличен начин да стекнеш нови пријателства!
5. ЛЕГНИ СИ ПОРАНО!
Недостигот од сон може да влијае штетно на телото, на пример да предизвика проблеми со имуниот систем. Затоа, легни си порано!