ДА ЧИСТЕТЕ НАУТРО И НАВЕЧЕР
Во текот на ноќта, вашата кожа се подобрува самата и за тоа време произведува себум кој се акумулира во неа. Ако ги отстраните овие мрснотии, мртвите кожни клетки и отпадоци, наутро кожата ќе биде чиста и подготвена за вашиот серум и производи за навлажнување. Навечер, важно е да ја остраните целата шминка, нечистотии и мрснотии кои се собираат на кожата во текот на денот. Ова ќе го спречи појавувањето на нечистотии и на линии, губењето на еластичноста и дамки – верувајте ни, вреди.
НЕ МИЈТЕ ГО ЛИЦЕТО СО ОБИЧЕН САПУН
Обичниот сапун има природно висок pH баланс и поради тоа е премногу јак да се користи на кожата на лицето. Сапунот кој е наменет за миење раце најчесто може да ги отстрани природните масла од лицето, со што ќе го исуши и ќе му даде непријатно чувство. Не правете вака.
ДА ОДБЕРЕТЕ ЛОСИОН ЗА ЧИСТЕЊЕ НАМЕНЕТ ЗА ВАШАТА КОЖА
Треба да го одберете лосионот според вашиот тип на кожа и намени - едноставно, не постои еден лек за секој. Млекото за чистење има богата, кремаста текстура и не прави пена, па затоа е добро за сува или возрасна кожа. Исто така, гелот за чистење ќе ја исчисти кожата и ќе ѝ даде нежен, мат финиш - идеално за нормална или помрсна кожа.
НЕ КОРИСТЕТЕ ЛОСИОН ЗА ЧИСТЕЊЕ КОЈ ЈА ПРАВИ КОЖАТА СТЕГНАТА И СУВА
Ако вашата кожа е претерано сува после миењето, тоа е најверојатно бидејќи вашиот лосион за чистење ѝ ги отстранува природните масла. Луѓето со помрсна кожа го преферираат ова, но всушност вадењето на водата од кожата предизвикува поголемо производство на мрснотија долгорочно.
ДА ПОДОБРЕТЕ ЈА РУТИНАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ СО АПАРАТ
Четката за чистење е ефективен (и ефикасен) начин за чистење и ексфолирање на кожата. Само нанесете некој лосион на главата од четката и потоа масирајте на кожата некоја минута. Ова ќе го впие производот подлабоко во кожата и ќе ги отстрани нечистотиите, шминката, мртвите кожни клетки и несовршеностите од порите. Исто така ќе ја стимулира циркулацијата на крвта за дополнителен сјај!
НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НАЈСКАПИОТ ЛОСИОН ЗА ЧИСТЕЊЕ Е И НАЈДОБАР
Во светот на убавина има различни цени - многу различни. Некои производи настанале поради обемно истражување, клинички тестови и скапи состојки што ја оправдуваат цената - други не. Започнете со вашиот тип на кожа и потреби и одберете го најдобриот производ според тоа.
ДА КОРИСТЕТЕ ТОНИРАЊЕ
Вториот чекор од рутината за чистење е тонерот - производ кој најчесто се нанесува со памукче. Тонерот е наменет да ги отстрани несовршеностите кои некако останале по миењето на лицето со лосионот - исто така го намалува појавувањето на пори, го балансира нивото на pH на кожата и ја подготвува за производството што следува.
НЕ КОРИСТЕТЕ ВРЕЛА ВОДА
Врелата вода можеби ви делува релаксирарчки, но таа суши многу - секогаш мијте го лицето со млака вода за да немате сува кожа