1. ШТО СЕ ФЛЕКИТЕ?
Флекитенастануваат како резултат на неправилното производство на меланин во кожата. Овие флеки можат да бидат светли или темни и ја имаат истата текстура како и другиот дел на кожата. Тие се безболни и најчесто се појавуваат на делот од кожата што најмногу е изложен на сонце.
2. КАКО НАСТАНУВААТ ФЛЕКИТЕ?
Меланинот, кој е пигмент што го има кожата, е природен начин на заштита на телото од УВ-зраците. Кога ќе се изложат на сонце, меланоцитите во долниот слој на епидермисот произведуваат меланин и го ослободуваат преку клетките наречени дентрити во горниот слој на кожата. Меланинот ги привлекува сончевите зраци и го спречува УВ-зрачењето да навлезе подлабоко во кожата. Кога кожата не е повеќе изложена на сонце, меланинот се повлекува.
Секогаш кога ќе се активира овој процес, останува мала трага и со текот на времето овие траги се собираат и создаваат флекА. Ова е како кога пишуваш со молив на парче хартија и откако ќе избришеш се забележува дека останала мала трага.
Со текот на времето овој процес станува помалку ефикасен и ова исто така предизвикува собирање на меланинот на одреден дел од лицето. Постои и кумулативен ефект кога штетата настанува во текот на тинејџерските години, а последиците се појавуваат подоцна во животот!
Постојат различни причини што се одговорни за овој процес. Најчеста е изложеноста на сонце. Но хормоналниот дисбаланс, како за време на бременоста, исто така може да го предизвика овој процес. Исто така, различни луѓе имаат различен интензитет на синтеза на меланин.
3. КАКО МОЖАМ ДА ГИ СПРЕЧАМ ИЛИ НАМАЛАМ ФЛЕКИТЕ?
Најефикасен начин на спречување на обезбојувањето е намалување на изложеноста на сонце. Со текот на времето, големата изложеност на сонце доведува до нерамномерен тен на кожата и појавување на знаци на стареење. Затоа, важно е да се користи СПФ-заштита, и тоа во текот на целата година.
Пилингот со производи што содржат БХА или АХА-киселини исто така може да го изедначи тенот на кожата, бидејќи го поттикнува регенерирањето на клетките и ги отстранува мртвите клетки од кожата.
4. КОИ ПРОИЗВОДИ ЗА НЕГА НА КОЖА МОЖАТ ДА ГО СПРЕЧАТ ОВА?
За УВ-заштита го препорачувам NovAge Дневниот крем за напредна заштита со СПФ 50 УВА/ПА++++. Овој крем овозможува висока заштита од УВА-зраците и го спречува стареењето. Исто така ја штити кожата од штетните влијанија на животната средина, без да ја исуши.
Исто така ја препорачувам и врвната линија за нега на кожа Nov Age Bright Sublime. Таа содржи патентирана технологија наречена Multi-Bright, која цели на сите клучни фази на производство на меланин за да го коригира обезбојувањето на кожата. Дневниот крем од оваа линија и серумот (тестирани заедно) клинички докажано ги намалуваат флеки до 50% и ја осветлуваат кожата до 40%.
5. КАКО МОЖАМ ДА ГО СПРЕЧАМ ПОЈАВУВАЊЕТО НА ФЛЕКИ?
Избегнувај ја изложеноста на сонце, користи производи за нега на кожа што го коригираат тенот на кожата и прави пилинг двапати во неделата. Не штеди кога станува збор за висококвалитетни производи што го третираат проблемот и што се грижат за твојата кожа.
Ако живееш на сончево место, освен СПФ-заштитата, носи шапка и очила за сонце кога си надвор.