Експертски водич за протеини

Не треба да бидеш фитнес-ентузијаст за да знаеш дека протеините се многу важни за твоето тело. Но зошто се важни и колку ти се потребни секојдневно? Ја прашавме нашата експертка за Wellness, д-р Елизабет Нордстром. Еве што ни кажа таа!

1. ЗОШТО НА НАШЕТО ТЕЛО МУ ТРЕБА ПРОТЕИН?
Протеините
се важен дел од милијардите клетки што ги создава нашето тело секој ден. Со овозможување на аминокиселини, протеинот му помага на телото да врши голем број функции - од обнова на ткивото до создавање ензими.

2. КОЛКУ ПРОТЕИН МУ ТРЕБА НА НЕШТО ТЕЛО СЕКОЈ ДЕН? 
Препорачаната
дневна доза е околу 0,8-1 г протеин во 1 килограм телесна тежина. Тоа е околу 56 г за маж од 70 кг и 46 г за жена што има 60 кг. Но ако си спортист, тогаш препорачаната доза е повисока и може да надмине дури 2 г по 1 кг телесна тежина.

3. КАЖИ НИ ПОВЕЌЕ ЗА ПРОТЕИНСКАТА МЕШАВИНА НА ОРИФЛЕИМ. 
Протеинската
мешавина е оригинална формула на професорот Стиг Стин, создадена да ја задоволи потребата за хранливи состојки на неговите критично болни пациенти по операција. Таа е идеална мешавина од протеини и прехранбени влакна и совршено решение за збогатување на твојата дневна исхрана.

4. ЗОШТО ПРОТЕИНСКАТА МЕШАВИНА Е УНИКАТЕН ПРОИЗВОД? 
Она што ја прави уникатна протеинската мешавина е што таа комбинира 3 различни извори на протеин: од грашок, од сурутка од млеко и протеин од јајце. Заедно тие имаат квалитетен аминокиселински состав што го поддржува твоето тело да создава нови протеини и клетки. Протеинската мешавина исто така содржи состојки што ги ослободуваат јаглехидратите, мастите и влакната.

5. КАЖИ НИ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА СОСТОЈКИТЕ. 
Протеинот
од грашок е добиен на природен начин, не содржи алергени, холестерол и лактоза. Протеинот од сурутка има целосен аминокиселински профил и се впива брзо. Јајцето го одбравме поради неговата висока биолошка вредност и бидејќи е одличен извор на есенцијални витамини и минерали. За да биде составот целосен, протеинската мешавина исто така содржи состојки што овозможуваат прехранбени влакна: јаболко, шипка и шеќерна репка. Јаболкото и шипката се богати со витамин Ц, кој е важен за одржување здрав имунолошки систем.

6. КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ПРЕХРАНБЕНИТЕ ВЛАКНА? 
Според
Нордиската асоцијација за нутриционизам и според други интернационални организации, дневното консумирање најмалку 25-25 г прехранбени влакна влијае позитивно на човековото здравје. Се смета дека повеќето луѓе имаат недостиг од прехранбени влакна и затоа е добро секојдневно да се користат производи како што е протеинската мешавина.

7. СО КАКВА ХРАНА МОЖЕ ДА СЕ МЕША ПРОТЕИНСКАТА МЕШАВИНА? 
Протеинската мешавина може да се додаде во различни видови храна и пијалаци, за време на готвењето или послужувањето. Бидејќи нема вкус и нема дополнителни засладувачи, секој може да ја користи во она во што посакува.

Текст: