Што ти недостига
Ако обожаваш нега на кожа исто како нас, тогаш сигурно внимаваш на дневната рутина за нега на кожа, ја разгалуваш кожата со маски за кожа и користиш СПФ кога излегуваш на сонце. Сепак, нешто недостига за да имаш прекрасна кожа од која застанува здивот, а тоа е што не користиш заштита од сонце кога е облачно. Да, добро прочита, кога е облачно!
Облаците го кријат сонцето, но не ги спречуваат сите УВ-зраци!
УВ-зраците пробиваат низ облаците и стигнуваат до твојата кожа дури и кога е облачно. Според Фондацијата за нега на кожа, УВ-зраците се една од главните причини за стареење на кожата. Ова значи дека дури и ако лежиш под сенка и ја читаш својата омилена книга, сепак постои опасност да ти се појават брчки, темни дамки или рак на кожата, затоа не заборавај ја својата СПФ-заштита!
Добра подлога за шминка
Ако мислиш дека користењето крем за сончање е малтретирање, бидејќи поради него ти се размачкува шминката, или бидејќи е премногу густ за подлога за шминка, можеби користиш погрешен производ! Постојат кремови за сончање со полесен состав, кои лесно се впиваат во кожата и се одлична подлога за шминка, без разлика на временските услови! На сликата горе, пробав лосион за лице со УВ-заштита и СПФ 30 Optimals Multi-Protection со течна пудра The ONE EverLasting, нијанса Fair Porcelain и, како што можеш да видиш, одлично дејствуваат заедно и создаваат мазен хидриран изглед.