10 Чекори до поздрава и подобра јас!

Новата година е тука, Има ли подобар начин да ја почнете од тоа да направите некои позитивни промени за здрав нов почеток! Ги прашавме нутриционистите и велнес експертите од Орифлеим Burcak Ulmer и Elisabet Nordström кои се нивните најдобри совети за новата година. Прочитајте ги најдобрите 10!

1. Еден месец не пијте алкохол
Можеби уживавте во неколку пијачки повеќе за време на празниците, нели? Алкохолот може да редизвика проблеми со спиење, да ви го зголеми апетитот и да доведе го покачување на тежината. Што е уште полошо, алкохолот е токсин. Затоа, еден месец не консумирајте алкохол и направете детоксикација на телото. 

2. Пробајте 1 неделна детоксикација со блендирани овошја и зеленчуци 
Изблендирајте салати и зеленчуци со вода, лимон и сол за вкусни смутија или овошки и бобинки за слатка верзија. Со ова, ќе му обезбедите на телото влакна, антиоксиданти, витамини и минерали и помалку калории. Одбирајте органски овошки и зеленчук секогаш кога можете.

3. Користете додатоци во исхраната кои содржат витамини, минерали, антиоксиданти и омега-3 масни киселини
Дневното користење на додатоци секогаш ќе ви ги обезбеди потребните микронутриенти и масни киселини кои го поддржуваат нормалното функционирање на вашиот имунитет, срце, вид и метаболизам!

4.Заменете ги слатките со здрави протеински плочки или јаткасти плодови
Наместо да јадете чоколадо полно со масти, шеќери и калории, обезбедете го телото со здрави протеини, влакна, јаглехидрати со низок гликемичен индекс и антиоксиданти кои се добри за вас.

5. Носете педометар и поставете си цел да правите 10 000 чекори на ден
Вежбање со умерен интензитет како пешачење гори маснотии, ви помага да ја одржувате тежината, да се чусвтсувате полни со енергија и го намалува ризикот од повеќе болести. не застанувајте на 7000 – излезете и направете 10 000 чекори пред да си дозволите да седнете!

 

"Создадете навика да правите 20 стомачни и склокови пред утринскиот туш"

 

6. Создадете навика да правите 20 стомачни и склекови пред утринскиот туш 
Вашите раце, стомачните мускули и центрлниот ден на телото ќе станат посилни и ќе изгледаат неверојатно дефинирани! Без изговори - се што ви треба е тепихот покрај креветот!

7. Кажете и ли направете нешто добро за некого и бидете благодарни за едно нешто во вашиот живот секој ден
Позитивно размислување, дејства и чувство на благодарност ја подобруваат нашата среќа. Среќата и хармонијата не се во иднината, туку во секој момент тука и сега.

8. Еден ден/цела недела не гледајте телевизија
Без гласните достракции, имате поголеми шанси за добар разговор со вашиот сопруг и подобра комуникација со вашите деца. Или можете да одвоите време и да читате книга, да прошетате, да и се јавите на некоја пријателка, да одите во фитнес сала, или да подготвите здрави оброци за цела недела...

9. Floss your teeth every night.
Flossing removes tartar as well as plaque that leads to bad breath, gingivitis, cavities, tooth loss and even heart disease. Your mouth is full of bacteria and if you have bleeding gums, bacteria can enter the blood stream and cause infection and inflammation in your heart and arteries. Need any other reasons?

10. Легнете си најдоцна до 10 часот
Недосатокот на сон треба да се вика "хипер-стареење"бидејќи има штетен ефект на вашиот имунитет, регулацијата наапетитот, кожата и генералното поправање на ткивата. Важно е да си легнете кога се стемнува и да спиете во темница бидејќи хормонот мелатонин се излачува само во тие услови. Малотонинот игра голема улога во поправањето на вашето тело додека спиете и е моќен антиоксидант, анти-воспалител и помага да се поправи ДНК. Колку подолго не си легнувате, толку помалку време има мелатонинот да ви помогне! 

Ви посакуваме среќа во правењето на овие промени и ви посакуваме 2016 да ви биде најдобрата година до сега!

Текст: Фотографии: Getty Images