Медитацијата може да звучи како нешто застрашувачко (можеби и здодевно), но ако се прави како што треба, таа ќе те опушти и ќе направи да се поврзеш со себе. А најдоброто е што ќе ти одземе само 10 минути.
За сите почетници ви препорачуваме медитација по чекори. Оваа едноставна вежба, ако се прави секој ден, ќе го намали стресот и уморот.
Прво, внимавај на опкружувањето. Одбери тивко место каде е удобноо за седење - тоа може да биде стол, софа или дури и подот. Иако препорачуваме медитација во приватноста на твојот дом, ова можеш да го правиш каде било. Потребно ти е само простор каде што никој нема да ти пречи.
1. Седни исправено и потруди се да ти биде удобно.
2. Стави ги рацете во скутот и остави да паднат на колената.
3. Затвори ги очите и сконцентрирај се на твоето дишење. Остави ги надворешните мисли да изчезнат. Ако почувствуваш дека обичните мисли го бомбардираат твојот мозок, тоа е нормално. Прифати го и продолжи да се концентрираш на дишењето.
4. Вдиши и издиши низ носот, остави да поминат 4-5 бавни и целосни вдишивања. (Обрни внимание како се чувствуваш кога белите дробови ти се полнат со воздух).
5. На наредниот здив, вдиши за да ги затегнеш мускулите на стапалата додека издишуваш.
6. Опушти ги сите мускули во стапалата. (Повтори го овој чекор и вдиши и издиши уште еднаш).
7. Земи воздух и затегни ги мускулите на долниот дел од нозете.
8. Додека издишуаш, отпушти ги мускулите на долните дел од нозете (Повтори).
9. На следниот здив, вдиши и зацврсти ги мускулите на бедрата.
10. Додека издишуваш, ослободи ги овие мускули. (Повтори го овој чекор).
11. Полека отвори ги очите и кажи му „здраво“ на опуштениот ум и отвореното срце.