Следете ја вашата велнес рутина за време на празниците

Неверојатно е тешко да ја одржите тежината под контрола за време на празниците. Помеѓу забавите и семејтните собири, храната и пијалоците ги има во големи количини - а со тоа и калориите. За да ви помогнат да остранете во форма, докторите Anke Ginzburg и Elisabet Nordström ги подготвија нивните најдобри совети за здрави празници.

ЗДРАВИ ПРАЗНИЧНИ ГРИЦКИ - ПОЕДНОСТАВЕНИ
1. Празничната сезона значи голем број на обилни оброци. Доколку имате стартер изберете салата, но пазете се од супи кои доста често имаат доста путер или кремаста павлака.
2. Јадете полека и внимателно џвакајте ја храната. на тој начин побрзо ќе се почувствувате најадени и ќе внесете помалку калории - што е подобро и за варењето.
3. Доколку вечерата се служи во стил на шведска маса, одберете мала чинија и дозволете си одреден број на дополнувања. Решете колку пред да почнете со јадење.

ОСТАНЕТЕ ВО ФОРМА ВО НАЈЗАФАТЕНИОТ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА
1. Ако сте многузафатени, направете мали промени во дневната рутина. Качувајте се по скали наместо со лифт, или паркирајте ја колата малку подалеку или симнете се од автобусот порано од обично и пешачете остатокот од патот.
2. Наместо да одите на кафе со пријателите, одете на прошетка, на тој начин ќе бидете активни додека се дружите.
3. Вежвајте додека правите други работи: правете чучнувања додека ги миете забите или подигнувања на нозете додека зборувате на телефон.


ИЗГЛЕДАЈТЕ (И ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ) СВЕЖО И ПОКРАЈ ЗАФАТЕНИОТ РААСПОРЕД 
1. Останете хидрирани така што ќе пиете многу вода. Доколку имате бело вино на менито, измешајте го со кисела вода за поздрава варијанта. Пијте шприцер.
2. Доколку не моѓете да го избегнете останувањето д одоцна во ноќта, пробајте да отспиете 20тина минути во текот на денот за енергија.
3. избегнете спиење до доцна за време на викендот, бидејќи тоа ќе го наруши вашиот распоред на спиење и ќе се чувствувате поуморни.


ИЗБЕГНЕТЕ ГО СТРЕСОТ ВО СТРЕСНИОТ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА
1. Земете си малку време за себе и пробајте да приоретизирате поздрави активности како одење во теретана, припрема на здрави оброци и добар ноќен сон.
2. Подароците и дружењето се важни овој период од годината, но запомнете дека најдобриот подарок кој можете да им го подарите на најблиските е здрава и среќна јас. 
3. Водете дневник на благодарност. Празниците се време кога треба да бидеме благодарни, затоа запишете ги нештата за кои сте благодарни. Тоа ќе ви помогне да го намалите стресот.

ПОЧНИ ГО ДЕНОТ ПРАВИЛНО
1. Подготврте порција свеж јогурт и овошје, и додајте им доза Natural Balance Шејк и малку мусли - готово е за неколку минути и е совршен ниско калоричен и нутритивно богат доручек.
2. Забрзајте ја циркулацијата со добро утринско растегнување. Подигнете ги рацете и испреплетете ги прстите за да го разбудите телото.
3. Избегнете пад на енергија и почнете го денот со омега-3 суплементи, астаксантин капсули и мултивитамини за здрави срце, мозок, кожа и мускули.


Текст: Фотографии: Shutterstock & Fotolia