Цикличната нега на лице е четириноќна рутина за нега на кожата која вклучува две ноќи третмани со активни состојки, проследени со две ноќи одмор - потоа сето тоа ќе го повторите повторно.
Смислата зад оваа рутина е да ја балансирате вашата кожа и да спречите загрозување на бариерата на кожата поради премногу активни состојки. Следејќи ја рутината на циклична нега на лице, ќе ги добиете сите придобивки од вашите производи, без да создавате проблеми кои целосно може да се избегнат, како што се црвенило и иритација.
Ова е циклусот што треба да го следите:
Циклична нега на лице првата ноќ: Пилинг
Првата вечер ќе започнете со чистење, а потоа ќе продолжите со производ за пилинг. Препорачуваме NovAge пилинг за обновување на кожата кој содржи мешавина од АХА и БХА, што е одличен и и многу ефикасен за бариерата на вашата кожа Завршете ја ноќта со Optimals Hydra Radiance богат хидратантен крем
Циклична нега на лице втора ноќ: Ретиноид
Втората ноќ по чистењето ќе го замените пилингот со ретиноид. За ова би користеле NovAge ProCeuticals Ретинол капки формулирани со активно ниво од 1,1% инкапсулиран ретинол. Тоа е многу моќна состојка и ако се користи премногу често, ќе завршите со иритирана и црвена кожа. Значи, важно е да се има на ум тоа, а исто така да не се обложува ретинолот со други потенцијално иритирачки состојки.
Трета и четврта ноќ на циклична нега на лице: Закрепнување
Сега треба да и дозволите на вашата кожа да се одмори и да биде максимално хидрирана. Побарајте серуми и навлажнувачи преполни со состојки како што се хијалуронска киселина, керамиди и глицерин. Пробајте ги Optimals Urban Guard 3D ноќниот крем и NovAge Time Restore серумот за ревитализирање за закрепнување
Кога ќе заврши четвртата ноќ, вратете се на почетокот на циклусот и почнете одново. По само неколку циклуси, експертите тврдат дека резултатот ќе биде кожа со здрав сјај