Нега на кожа: вистина или не

Индустријата за убавина е џунгла каде што преживуваат оние што ги имаат вистинските информации. Затоа, запознај ја својата кожа и пронајди го својот верен пријател! Ние ќе ти помогнеме да откриеш што е вистина, а што не и за што да ги потрошиш твоите пари!

ВИСТИНА ИЛИ НЕ? 
#1 МОЖЕШ ДА ВЛИЈАЕШ НА 80% ОД СТАРЕЕЊЕТО НА ТВОЈАТА КОЖА 

ВИСТИНА! Секако
, некои од карактеристиките на кожата можат да се наследат, но до 80% од стареењето на кожата зависи од животниот стил и од факторите на животната средина, како што се УВ-зрачењето, загадениот воздух, пушењето.

Совет: Практикувај рутина за нега на кожа, наутро и навечер, за максимални резултати!

ВИСТИНА ИЛИ НЕ? 
#2 ПИЈ МНОГУ ВОДА И КОЖАТА ЌЕ ТИ ИЗГЛЕДА ПОУБАВО

НЕ Е ВИСТИНА! Секако
, добро е да пиеш доволно вода за повеќе здравје и добросостојба, но кога станува збор за кожата, ти треба екстра-хидратација, која се добива само од производи за нега на кожата. Единствената разлика што може да се види на кожата ако пиеш доволно вода е ако претходно си имал дехидрирана кожа.

Совет: Користи серум и хидратантен крем наутро и навечер за да ѝ овозможиш доволно хидратација на кожата.

ВИСТИНА ИЛИ НЕ? 
#3 МОЖЕШ ДА ГИ НАМАЛИШ ПРОШИРЕНИТЕ ПОРИ

НЕ Е ВИСТИНА! Зголемените
пори можат да бидат наследни, или предизвикани поради собирање дополнителна мрснотија или нечистотии што ги затнуваат и прави да се прошират. Длабокото чистење на порите ќе направи тие да изгледаат помали! Како и другите делови од лицето, способноста на порите да бидат нормални се намалува со текот на времето и затоа тие можат да изгледаат поголемо кога се старее.

Совет: Чисти го лицето со гел и тоник наутро и навечер за порите да бидат чисти.

ВИСТИНА ИЛИ НЕ? 
#4 ВОЗРАСТА НЕ Е ВАЖНА ВО НЕГАТА НА КОЖА
ТА ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕТО
ВИСТИНА! Кожата е различна
кај сите! Знаците на стареење на кожата можат да се појават во различна доба, во зависност од фактори како што се генетиката, животната средина и животниот стил. Затоа треба да користиш производи против стареење што се борат против одредени знаци на стареење на кожата.

ВИСТИНА ИЛИ НЕ? 
#5 ХИДРАТАНТНИТЕ КРЕ
МОВИ ЈА ПРАВАТ КОЖАТА ПОМРСНА
НЕ Е ВИСТИНА! Кожата
мора да биде хидрирана! Мрсната кожа може да биде истовремено и сува и дехидрирана. Одбери нега на кожа што го решава ова со интензивна хидратација и отстранување на вишокот мрснотија.

Совет: Користи нега на кожата соодветна за твојот тип кожа и потреби.

Текст: