6 совети за да уживаш повеќе во животот

Ни се чини дека обврските сѐ повеќе да ни се зголемуваат. Напорна работа, посветеност кон семејството и пријателите, уредување на домот... некогаш секојдневието е напорно! Ти нудиме 6 совети за да уживаш повеќе во животот.

1. ВЕЛИ „НЕ“
Понекогаш е тешко да се каже „не“, но одбивањето работи што ти го отежнуваат животот на крај
от ќе ти го олесни животот. Исто така ќе ти помогне да се фокусираш и да сфатиш што ти е важно. Затоа, не прифаќај да правиш работи што не сакаш да ги правиш.

2. ПАТУВАЈ ЧЕСТО
Патувањето може да биде добар одмор од твоето секојдневие и да те натера да го гледаш животот од нов агол. Ако не можеш да си дозволиш далечни дестинации
, не грижи се - дури и кратките патувања во природа, кои траат еден ден, се доволни да ти ги наполнат батериите.

3. ПЛАНИРАЈ ЈА ИДНИНАТА
Чувствуваш дека иднината е неизвесна? Ти советуваме да одвоиш време и да размислиш што имаш и што сакаш. Ова ќе ти ги направи желбите поопипливи и ќе те натера да започнеш да ги остваруваш. Подели ги на мали цели и листи за да можеш да ги исполниш чекор по чекор.

4. ОСЛОБОДИ СЕ ОД РАБОТИТЕ ШТО НЕ ТИ ТРЕБААТ
Сигурни сме дека имаш многу работи што не ги користиш. Ослободи се од нив и ослободи се себеси! Можеш да ги донираш и да се чувствуваш уште подобро!

5. СРЕДИ СИ ГО РАБОТНОТО МЕСТО
Организираната работна средина (без разлика дали е во домот или во канцеларија
та) ќе ти помогне да се фокусираш на задачите. Совет плус: среди си го своето имејл-сандаче и ослободи се од непосакуваните пораки.

6. ЦЕНИ ГИ МАЛИТЕ ЗАДОВОЛСТВА
Кога завршуваш една задача или предизвик, преминуваш на следната. Звучи познато? Тогаш пронајди време да уживаш во мигот! Гледај го зајдисонцето, играј си со своите деца, јави им се на блиските. Дозволи си малку одмор и почувствувај како твоето секојдневие е попријатно.

Текст: