Хартиена маска: одговор на сите твои прашања!

Можеби хартиените маски се многу познати во индустријата за убавина, но сепак може да изгледаат необично во споредба со класичните производи за нега на лице. Продолжи да читаш и ние ќе ти откриеме повеќе за овој неопходен производ за убавина!

Што се хартиени маски?
Со потекло од шареноликиот свет на корејската убавина, хартиените маски станаа еден од најголемите трендови низ светот, а сигурно ќе ти се допаднат и тебе! Да, изгледаат малку чудно кога ќе ги ставиш на лицето, но тоа е дел од забавата! Убавината не треба да биде сериозна, нели?

Всушност, ваквите маски се одлични за подобрување на дневната рутина за убавина. Хартиените маски се корисни или за справување со посебни проблеми со кожата, кога ќе се појават, или за посебна нега, без трошење премногу скапоцено време (и пари!) во спа-центар или во салон за убавина.

Зошто да користиш хартиени маски?
Денес можеш да најдеш маски за лице во сите облици и големини: гел-маски, глинени, што се лупат итн., на листата ѝ нема крај. Сега и хартиените маски станаа дел од оваа листа. Но што ги прави поинакви? Едноставни се за користење! Не се потребни четки, не создаваат неред, нема премало или прекумерно нанесување, само лесно и брзо нанесување и фантастични резултати!

Благодарение на нивната практичност (како и на лесното мало пакување), тие се совршени за патување. Сега твојата кожа секогаш ќе изгледа прекрасно, без разлика дали си во хотел по долго патување или, доколку си доволно храбра, за време на самиот лет!

Како дејствуваат хартиените маски?
Во споредба со другите маски, како глинените или кремастите, хартиените маски се паметен и практичен начин да ја снабдиш кожата со големо количество хидратација и состојки за разубавување. Хартијата е исечена во облик на лице и е потопена во течна маска, за лесно нанесување. Благодарение на ултравпивачкото својство на хартијата, маската помага за спречување на испарувањето на хидратантните состојки. Ова значи дека кожата повеќе е изложена на позитивните состојки секојпат кога ја користиш.

Кое е најдоброто време за користење хартиена маска?
Секое време! Не постојат правила. Недела наутро? Совршено! По долг работен ден? Идеално за освежување! Маските се создадени да бидат неделив дел од твојата недела (и твојот живот), како и другите производи за нега на кожата. Сѐ зависи од тоа колку време сакаш да ѝ посветиш на кожата. Само запомни дека треба да се нанесат на чисто суво лице, за кожата најдобро да го впие нивниот состав.

Дали е неопходно прво да го исчистиш лицето?
Со еден збор - да! Чистото лице е неопходно ако сакаш целосно да уживаш во маската. Идејата зад хартиените маски е нега на кожата со сите прекрасни суперсостојки за хидратација и разубавување што се содржат во неа. Доколку постои пречка помеѓу маската и површината на кожата, тогаш може да се намали нејзината делотворност и затоа апсолутно не смееш да имаш шминка на лицето! Чистата и сува кожа е најдобра за користење хартиена маска!

Дали сакаш да пробаш?
Се разбира дека сакаш! Избери една од фантастичните хартиени маски за лице Love Nature. Маските Love Nature се суперпрактични и одличен начин да ја негуваш кожата со посебни суперсостојки од природата. Секојпат кога користиш ваква маска, се впушташ во прекрасно уживање за сетилата и се чувствуваш како да си во рајот! Маските се совршен изговор да ѝ дозволиш на природата да ја негува твојата кожа додека го напушташ хаосот на секојдневниот живот. Пробај ги и уживај!

Текст: