Антиоксидантите се суперсостојки што ги неутрализираат штетните слободни радикали и помагаат за заштита од оштетување на клетките во нашите тела. Овој брз и едноставен рецепт има само 5 состојки што се добро познати по своите високи количества антиоксиданти:
Боровинки
Боровинките се богат извор на антиоксидантот антоцијанин, кој им ја дава прекрасната темносина боја и антиоксидантите, како и со други антиоксидантни фенолни соединенија и изобилство витамини и минерали. Најдобриот извор на антоцијанин е всушност европската боровинка (северноевропската дива боровинка), затоа пробај ги кога се во сезона! Замрзнатите боровинки се еднакво хранливи како и свежите.
Малини
Вкусните слатки малини се, исто така, богати со антоцијанин, како и со многубројни други антиоксидантни соединенија, витамини и минерали. За највисоко ниво антиоксиданти, доколку можеш, користи органско овошје. Како и боровинките, не заборавај дека замрзнатите малини се исто толку добри како и свежите!
Пекан
Вкусниот пекан, со вкус на путер, е богат со антиоксидантни соединенија и има највисоко ниво антиоксиданти од сите јаткасти овошја. Пеканот, исто така, изобилува со витамини, минерали и здрави незаситени мономасти. Негативната страна е што пеканот е висококалоричен, затоа уживај во него умерено!
Ленено семе
Ситното ленено семе е вистинска суперхрана! Освен што е богато со антиоксидантен лигнан, лененото семе, исто така, изобилува со омега 3 масни киселини и е одличен извор на диетални влакна.
Темно чоколадо
Висококвалитетното темно чоколадо (70%+) има високо ниво флавоноли, кои се антиоксидантни флавоноиди што можат да се најдат само во какаото. Иако темното чоколадо е релативно здраво во споредба со млечното, тоа сепак содржи заситени масти и затоа треба да се консумира умерено.
„Здрави“ чоко-бобинки
(рецепт за околу 12 парчиња)
Состојки:
125 г свежи боровинки
125 г свежи малини
150 г темно чоколадо (70%)
50 г исечкан пекан
60 г ленено семе
Забелешка: во рецептот пишува свежи боровинки и малини, а не замрзнати, бидејќи свежите бобинки најдобро одговараат за овој рецепт.
Нутрициони информации (за едно парче): калории: 135 kCal, протеини: 2,6 г, масти: 9,7 г (заситени масти 3,2 г), јаглени хидрати 8,1 г (шеќери 4 г, влакна 2,5 г).
Приготвување:
- На чинија или на послужавник, нареди кошнички за колачиња.
- Во длабока чинија ставена врз тенџере со зовриена вода, внимателно стопи го чоколадото. Кога чоколадото целосно ќе се стопи, тргни ја чинијата од тенџерето и мешај постојано неколку минути, за чоколадото малку да се олади.
- Додај ги другите состојки во чинијата со стопено чоколадо и мешај за целосно да бидат покриени со чоколадото.
- Стави по една кафена лажичка од мешавината во секоја хартиена кошничка и стави ги колачињата во фрижидер неколку часа, за да се стврднат.
- Извади ги од фрижидерот околу еден час пред сервирање, за чоколадото да биде на собна температура за максимална неодоливост!