Совршена шминка за прославување со Jonas Wramell

Пристигна сезоанта на прослави! За да изгледате одлично и празнично, разговаравме со Уметничкиот директор на Орифлеим Jonas Wramell, за трендовите, нанесувањето шминка за забавите и шминката за следното утро.

Што се треба да земеме предвид кога ја планираме нашата шминка за на прослава? 
Прво, тоа зависи од типот на прославата на која одиме. На дневната забава треба да носите различна шминка од онаа за вечерните. Моето правило: повеќе светло помалку пминка, помалку светло повеќе шминка.

Како да постигнеме најдобри резултати кога се подготвуваме за вечерно излегување?
Нанесете ја шминката во етапи. Почнете со нанесување пудра и коректор, потоа направете ја основата со нанесување пудра во прав на челото, брадата, носот и образите. Дозволете да помине време за да се апсорбира и стабилизира шминката пред да нанесете други производи - ова е добар момент за да ја средите фризурата или да ги налакирате ноктите. Сега, нанесете го остатокот од шминката по следниов редослед: веѓи, очи и усни.

Како да не се шминката за на прослава?
Не претерувајте! Добрата шминказначи баланс. Или фокусрајте се на впечатливи веѓи и пминка за очи или на усните, но не на двете одеднаш. Можете да ги следите најдовите трендови во однос на боја, но немојте да претерата па да изгледате како жртва на модата. Наместо тоа, обидете се да ги најдете вашите најубави црти и нагласете ги. Верувајте ми, ова ќе изгледа подобро од било кој тренд.

 

Која боја на кармин треба да ја користам оваа сезона? 
Нај "ин" бојата во моментов е темна бургунди, но доколку не ви одговара, секогаш можете да изберете класични црвени усни - нема да погрешите.

Како да го направите графичкиот тренд за усни поедноставен за носење? 
Нанесете ајлајнер како што го правите тоа вообичаено. Потоа, со помош на тенка четка на која има темна сенка за очи, направете слој над ајлајнерот за да креирате излгед на зачадени очи. На овој начин ќе добиете изглед поедноставен за носење од "графичките" очи, а сепак ќе бидете во тренд.

Како да носите светки без да ви се разлетаат врз целото лице? 
Прво нанесете кремаста сенка за очи (мојот омилен производ) и нанесете слој светки преку неа. Кремастата основа ќе помогне подобро да се залепат. Светки се тежок изглед, па зтоа наместо нив одлучете се за светкава основа.  

Како да избегнете кожата да ви изгледа масно? 
Никогаш не треба да го жртвувате танцувањето и забавувањето само за да изгледате добро. Ако се грижите за сјајот, спакувате марамчиња кои ќе ја соберат маснотијата во вашата чанта. Или, ако имате проблематична кожа, користете мало четка за пудра (или голема четка за сенка за очи) за да нанесете пудра во прав на деловите склони кон мастење. Не нанесувајте пудра на целото лице бидејќи тоа ќе ги затвори порите и ќе предизвика мастење.

Како да направите лицето да ви изгледа свежо по долгата вечер? 
Прво и основно, секогаш отстранете ја шминката пред да си легнете - на вашата кожа и треба да диши во текот на ноќта. Второ правило: хидратација. Пијте многу вода и нанесувајте хидратантен крем за да се борите против безживотната кожа и подуеното лице. Доколку имате отоци под очите, пробајте да користите хидратантен гел. И, прифатете го пристапот помалку-е-повеќе на денот по големата забава.

Текст: Фотографии: Fotolia