Многу често кога ќе се спомне вежбање, тоа нѐ асоцира на вежбање во сала, фитнес центар и на нешто физички тешко, па си велите „аааа не ова не е за мене“, „јас немам кондиција“, „ова е тешко“ и слично.
Да се остане активен самото по себе не значи дека мора да одите во сала за да спортувате. Едноставно треба да го движите телото на начин кој вас ви одговара. Начин кој вас ќе ве направи среќни, исполнети и задоволни. Поважно е да најдете време, да сакате да се посветите 1 час во текот на денот за вас, одколку да мислите и давате акцент на тоа што ќе вежбате.
Па затоа направете некој чекор од денес. Излезете надвор, пролет е и движете се, а придобивки ќе почувствувате уште првиот ден. Да ве потсетиме дека излегувањето на дневна светлина е многу важно особено за нашиот имунолошки систем.
1. Брзо пешачење
Некои ќе речат дека брзо пешачење не е тренинг. Но, мора од некаде да се почне нели? Па затоа, еден час пешање е супер да ве врати во рутина, полека и полесно. Наместо 1 час пиење кафе во омилениот кафе бар, земете кафе или Nutri Balance шејк и вода и пешачете во природа, во градскиот парк или до вашето омилено место во вашата населба. Штом сметате дека имате доволно кондиција, пробајте (со текот на времето) да вметнете малку трчање. И трчањето е активност која бара време и трпение, но секој почеток започнува со првиот чекор.
2. Возење велосипед
Тоа е пдлична активност за надвор. Може да биде одличен тренинг доколку пробате да возите побрзо или да извозите повеќе километри, нормално колку што се вашите можности и вашата физичка подготвеност. Ако ви дозволува работата, можете автомобилот да го оставите во гаражата и со велосипед да одете на работа, па дури и во маркет. Велосипедизмот е супер физичка активност за целото семејство доколку сакате да бидете пример и укажете на здрави навики на вашите деца. Згора на тоа е доста забавна активност, па вашите деца ќе вежбаат додека се забавуваат.
3. Викенд -време за активности
Штом дојде викенд, тргнете се од градскиот метеж. Појдете до најблискиот рид или планина, или пак испланирајте подалечна дестинација, доколку сакате повеќе авантури. Не мора да е искачување на некој врв. Важно е да сте во природа, да пешачите и да се движите. Колку што можете- телото, но и умот ќе ви бидат благодарни. Со планинарењето ги зајакнувате мускулите и коските, го подобрувате респираторното здравје, а дополнително планинарењето ве смирува, и ви дава чувство на задоволство и среќа.
4. Кајакарење
Во последно време во нашата држава секаде каде што има езеро, може да се најдат и изнајмат кајаци и SUP даски. SUP е акроним што значи Stand Up Paddleboarding (Исправено веслање), Веслањето на ваква SUP даска има мноштво придобивки и причини зошто треба да научите како да ја возите. Возењето на кајак или SUP даска може да го направите самостојно, но и групно со тренер.Најважно е дека имаме опции. Па ако нема можност за вакви активности во вашиот град, проверете ги најблиску до вас, распрашајте се (или во денешно време уште полесно е да пребарате на интернет) и пробајте да кајакарите. Одлична физичка активност која ги инволвира сите мускули на нашето тело, вежбаме но исто време сме во природа и уживаме. Плус, за време на топлите денови, оваа активност истовремено ќе ве разлади, супер нели?
Ова се само неколку предлози за сите вас кои ви е тешко да се натерате да бидете физички активни. Се надеваме дека преку нив допревме до вас и барем малку ве мотивиравме да преземете акција! Знаете дека Oriflame се грижи за вашата убавина, но не само однадвор туку и одвнатре, преку нашата Wellness by Oriflame линија на производи за здравје и надополнување на исхраната.
Бидете активни!
Фотографиите се преземени од профилот на Елена Бубало, нашиот Wellness амбасадор, каде може да најдете повеќе инспирација за вежбање, спортски активности и здрав начин на живот.