Природна убавина: Водич за нега на кожа

Природната нега на кожа станува сѐ попопуларна. Но, која е разликата во производите означени „одржливи“, „природни“ или „органски“? Го прашавме експертот за нега на кожа на, Мелина Галеади, за да дознаеме.

Што значи „природна“ нега на кожа?
Иако постојат различни сертификати со своја дефиниција за тоа што значи природно, сепак, не постои глобален стандард сѐ уште. Ова значи дека зборот „природна“ може да се сфати различно. Сепак, природните состојки се состојки кои се добиваат од растенија или други природни извори. Тие се екстрахираат на механички начин, на пример пресинг, или со користење на природни раствори.

Која е разликата кај производите за нега на кожа со етикета „органски“?
Органските состојки се природни состојки кои се одгледуваат органски. Ова значи дека тие настанале без користење на синтетички пестициди.

Да „природното“ и „органското“ е секогаш подобро, или не?
Природните и органските состојки можат да бидат подобри од другите, но поради нивната деликатна природа, потребна е голема стручност за зачувување, формулирање и екстрахирање на нивните придобивки. Затоа и синтетичките формулации можат да бидат безбедни. Процесот, стручноста во создавањето и познавањето на состојките се оние работи кои ги одредуваат квалитетот и безбедноста на крајниот производ.

"Наместо да се обидувате да ги разберете сложените состојки, разберете ја филозофијата на компанијата и нејзиниот пристап кон природата."

Но, дали можат природните производи за нега на кожа навистина да помогнат при стареењето со иста делотворност како и неприродните производи?
Работите не се црно-бели. Кога станува збор за делотворност, не се работи за нивото на природност, туку формулацијата на состојките. Ефикасноста на природните состојки може да се зајакне со помош на науката

Зошто Орифлеим ја создаде Ecobeauty колекцијата, насочена кон еко-свесните потрошувачи?
Природата е во нашата ДНК. Ние сме пионери во развојот на формули со користење на природни состојки уште од 1967, и затоа создавањето на врвна природна колекција е нашиот логичен следен чекор.


"Кога станува збор за делотворност, не се работи за нивото на природност, туку формулацијата на состојките. "


Можете ли да ни кажете повеќе за Ecobeauty линијата?
Ecobeauty ја доловува посветеноста на Орифлеим кон користење на состојки од природата и од обновливи извори. Таа има сертификат од Ecocert, што значи дека создржи над 95% природни состојки и над 5% органски. Исто така, процесите на производство за создавање на Ecobeauty ја почитуваат природата и пакувањето се рециклира - што значи, Ecobeauty е линија одржлива од почеток до крај. Но, она кое ме прави уште погорда е дека Ecobeauty исто така дава одлични резултати!

Секој Ecobeauty производ содржи две клучни состојки кои се внимателно избрани поради нивниот уникатен ефект врз кожата. Поради нежните процеси на екстракција, важните витамини, амино киселините и масните киселини се недопрени. Ова ѝ ги дава на кожата сите најважни елементи кои придонесуваат таа да биде блескава и здрава на природен начин.





Текст: Фотографии: Орифлеим е-маркетинг тим