Зрела кожа: сè што треба да знаеш

Сите знаеме дека кожата се менува со годините. Сепак, постојат начини да ѝ помогнеш да остаре прекрасно.

Само затоа што старееш не значи дека треба да изгледаш старо. Всушност, состојбата на кожата зависи повеќе од фактори како животниот стил, негата на кожата, исхраната, животната средина, хормонските промени и генетиката, отколку од возраста. Иако е неизбежно и природно, што твојата кожа се менува со годините, со малку дополнителна нега и внимание, можеш да ја одржиш прекрасна и негувана, подолго време.

КОИ ПРОБЛЕМИ СЕ ПОЈАВУВААТ КАЈ ЗРЕЛАТА КОЖА?
Зрелата кожа има различни потреби од младата кожа и поради тоа ѝ е потребна различна нега на кожа. Внимавај на појавата на намалување на хидратацијата, еластичноста и затегнатоста, како и на длабоките брчки, темните дамки и хиперпигментацијата, намалениот сјај и зголемените пори.

ЗАШТИТИ ЈА КОЖАТА ОД СОНЦЕТО
Кожата се истенчува со стареењето, што значи дека е поподложна на оштетување од сонцето и од надворешните влијанија. Кога излегуваш, заштити ја кожата, така што ќе нанесеш крем за сончање, со висок заштитен фактор (СПФ). Исто така, треба да избегнуваш предолго изложување на сонце од 11:00 до 15:00 часот.

СЕ БАЊАЈ СЕ ПРЕДОЛГО
На сите ни се допаѓа да уживаме во долга топла бања, на крајот од денот. Сепак, бањањето во топла вода предолго време може да ја намали природната хидратација на кожата, да ја исуши и да ја направи подложна на оштетување. Не бањај се подолго од 10 до 12 минути во млака вода и користи нежни и негувачки производи.



КОРИСТИ НАВЛАЖНУВАЧ НА ВОЗДУХ
Користењето навлажнувач на воздух дома, особено назима, може да помогне за спречување на штетните ефекти на студениот воздух, како сушење, лупење и недостиг од сјај.

СОН ЗА УБАВИНА
Твојата кожа се обновува од дневните оштетувања додека спиеш и затоа е неопходно да користиш соодветен ноќен крем. Позајмувањето крем од ќерката едноставно не е доволно. Негувај ја кожата ноќе, како најдобро решение против стареењето, кое е создадено за контрола и коригирање на сите знаци на зрелата кожа. Изработен со GenisteinSOY технологија и со Amino+ комплекс, Time Reversing Intense Ноќниот крем, докажано ги пополнува длабоките брчки, ги подобрува контурите на лицето и ја обновува густината на кожата, за да можеш да се разбудиш со обновен и освежен тен.

Текст: Фотографии: Орифлеим