Направи убава промена со твојот пилинг-производ

Ако сакаме да влијаеме позитивно на светот, треба да живееме одржливо. Истовремено, многумина од нас сакаат да се грижат за себе и за својата кожа. Затоа ние постојано создаваме одржливи производи, кои нѐ разубавуваат нас и планетата.

ПИЛИНГ ОД ПРИРОДНО ПОТЕКЛО
Убавата кожа не треба да значи негрижа за животната средина. Дали знаеш дека има над 200 милиони тони пластика во нашите океани? Или дека пластиката се разложува со години во природата?

Кога научниците започнаа да зборуваат за пластичните пилинг-честички во производите што ги загадуваат океаните, нашите експерти за истражување и развој започнаа да пронаоѓаат начини да престанат со нивното користење. Нашите експерти побараа инспирација во природата и ја пронајдоа идеалната алтернатива - пилинг-честички од природно потекло. Од 2015 година, во сите наши нови производи за пилинг се користат 100% природни пилинг-честички - семиња, лушпи, сол. Вака ние те разубавуваме тебе - и природата!

Ние сакаме да си убава од главата до петиците и затоа ги одбравме нашите омилени производи за пилинг што ја прават твојата кожа мека и мазна – со природни пилинг-честички.



КАКОВ ПИЛИНГ ДА ОДБЕРАМ?

ЗА ЛИЦЕ
Покажи го твојот најубав изглед со NovAge Микроексфолирачкиот пилинг. Овој пилинг има богата текстура и нежен мирис, природна лактична киселина и пилинг-честички од природно потекло што ги отстрануваат мртвите клетки на кожата и ги чистат порите. Пробај го сега!

ЗА НЕГО
NovAge Men Пилинг-гелот за чистење лице содржи природни честички од јаглен кои ја чистат машката кожа. Овие честички не само што ги отстрануваат нечистоиите и мрснотијата, туку и прават пилинг без да ја сушат кожата.

ЗА РАЦЕ И СТАПАЛА
Разубави ги рацете со Milk & Honey Пилингот за раце, со органски избрани екстракти од млеко и мед и пилинг-честички од природни бадемови лушпи.

Feet Up Comfort Пилингот за стапала со природно маслиново масло, екстракт од гинко и природни пилинг-честички од семки од маслинка ќе ги разубават и освежат твоите стапала. Идеално за налето!


ЗА ЦЕЛОСНА ЗАШТИТА
Сакаш да си направиш сопствена спа-бања дома? Swedish Spa Пилингот за тело прави пилинг со својот состав од сол и бадемови лушпи кои ја отстрануваат грубата кожа. Овој пилинг исто така содржи масло од ѓумбир што ја тонира кожата за да ја направи мека и мазна. А, ако сакаш денот да го започнеш со изобилство од енергија, пробај ги нашите гелови за туширање Love Nature: малина и нане и јагода и лимета.

На здравје пилинг!

Текст: Фотографии: Орифлеим и Гети