ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА
Чувствителната кожа лесно може да биде под влијание и да реагира на промените во животната средина или на некои одредени состојки. Тоа може да предизвика црвенило. Оние со чувствителна кожа најчесто имаат нерамномерен тен, со суви делови.
Нивоа на хидратација кај чувствителната кожа
Горниот слој на кожата дејствува како природна граница, штити од надворешните влијанија и помага во одржувањето на нивоата на влажност. Кај луѓето со чувствителна кожа, таа граница е потенка, што предизвикува губење на влажноста. Помалата заштита исто така ја прави кожата понадразнувачка на надворешни елементи. Границата на кожата исто така ослабнува со стареењето, што дополнително ја суши кожата.
Кои производи да ги користите
Користете производи што ја смируваат, хидрираат и штитат кожата, како што се новиот дневен крем за сува/чувствителна кожа Optimals Hydra Care и ноќен крем за сува/чувствителна кожа Hydra Care.
МРСНА КОЖА
Мрсната кожа настанува како резултат на преголемото лачење себум и дополнителна маснотија, што најчесто создава светкав тен. Исто така, луѓето со мрсна кожа честопати имаат зголемени пори, црнки и акни на челото, носот и на брадата.
Нивоа на хидратација кај мрсната кожа
Мрсната кожа е знак на небалансирана кожа и резултат на дополнително лачење себум и маснотија. Луѓето честопати грешат бидејќи ја мијат кожата премногу за да ја отстранат мрснотијата. Сепак, тоа може да ја исуши кожата и да ја направи дополнително да лачи маснотија. За да го прекинете овој маѓепсан круг, користете производи со балансирачки и навлажнувачки состојки.
Кои производи да ги користите
Користете производи што ја матираат кожата, со лесна текстура, и што истовремено овозможуваат балансирана хидратација. За да целите на видливите проблеми ви го препорачуваме дневниот лосион за чистење мрсна кожа Optimals Hydra.
СУВА КОЖА
Сувата кожа најчесто предизвикува црвенила со мали пори и видливи линии. Луѓето со сува кожа исто така чувствуваат затегнатост на одредени делови.
Нивоа на хидратација кај сувата кожа
Сувоста на кожата зависи од способноста на епидермисот (надворешниот слој на кожата) да ги одржи стабилни нивоата на влажност. Тоа понекогаш настанува како резултат на возраста и на климата. Со стареењето се намалува лачењето себум, што прави кожата да ја губи влажноста.
Кои производи да ги користите
Користете удобни производи што ви ја хидрираат кожата, како што се: дневниот крем за сува/чувствителна кожа Optimals Hydra Care и ноќниот крем за сува/чувствителна кожа Optimals Hydra Care.
КОМБИНИРАНА КОЖА
Понекогаш е тешко да се одреди комбинираната кожа, бидејќи вклучува два типа кожа во едно. Најчесто луѓето со комбинирана кожа имаат мрсна брада, чело и нос - околу Т-зоната. Образите и другите области се најчесто суви или нормални.
Нивоа на хидратација кај комбинираната кожа
Комбинираната кожа честопати може да биде сува благодарение на промените на температурата. Лачењето себум се зголемува на топла клима, а се намалува кога е ладно. Исто така овде имаат влијание и хормоналните промени.
Кои производи да ги користите
Поради комбинацијата на различни типови кожа, не користете производи што ги задоволуваат потребите само на едно место. Користете производи што ја подобруваат и ја одржуваат хидратацијата и истовремено го балансираат сјајот. Ви ги препорачуваме дневниот крем за нормална/комбинирана кожа Optimals Hydra Radiance и ноќниот крем за нормална/комбинирана кожа Optimals Hydra Radiance.