1. НАЈГОЛЕМ ОРГАН ВО ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО Е..
а) срцето
б) кожата
в) црниот дроб
2. ДОКОЛКУ НА ПРОИЗВОД ЗА НЕГА НА КОЖАТА ПИШУВА ДЕКА Е „КЛИНИЧКИ ТЕСТИРАН“, ТОА ЗНАЧИ ДЕКА...
а) потврдата за придобивки од производот произлегува од клинички тест, каде што волонтери тестираат производ за одредено време
б) производот е создаден во клиника каде што се извршуваат испитувања
в) потврдата произлегува од тестирање врз животни
3. ТРЕБА ДА НАНЕСЕТЕ СПФ САМО КОГА...
а) сте на одмор и планирате да се сончате
б) надвор е сончево
в) секој ден, без разлика какво е времето надвор
4. ТРЕБА ДА ЈА ЧИСТИТЕ КОЖАТА САМО НАВЕЧЕР
а) точно
б) неточно
5. СЕДИШТЕТО НА ИНСТИТУТОТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ КОЖА НА „ОРИФЛЕИМ“ СЕ НАОЃА ВО...
а) Варшава, Полска
б) Мексико Сити, Мексико
в) Стокхолм, Шведска
6. СЕРУМОТ ТРЕБА ДА ГО НАНЕСЕТЕ...
а) по вашиот крем за очи, а пред навлажнувачот
б) по чистењето на кожата
в) по чистењето на кожата, а пред вашиот навлажнувач
7. КОЈА ОД СЛЕДНИВЕ ЛИНИИ ЗА НЕГА ЗА КОЖА НА „ОРИФЛЕИМ“ ГИ ИМА СЕРТИФИКАТИТЕ ЕКОЦЕРТ, СЕРТИФИКАТОТ НА ВЕГАНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ, ФЕРТРЕЈД И ФСЦ-СЕРТИФИКАТОТ?
а) Ecobeauty
б) Optimals
в) NovAge
ОДГОВОРИ:
1. Одговор: В
Кожата е најголемиот и најбрзорастечки орган на телото, а црниот дроб е најголемиот (и најтешкиот!) внатрешен орган.
2. Одговор: А
Клинички потврдено значи дека потврдата доаѓа од клинички тест, каде што волонтери тестираат производ за одредено време.
3. Одговор: В
Дури и во облачни денови, опасните УВ-зраци на сонцето можат да навлезат во кожата. Побарајте навлажнувач што содржи СПФ и нанесувајте го дневно за да се заштитите себеси.
4. Одговор: Б
Неточно! Прекуноќ вашата кожа се стреми да се обнови, оставајќи мртви кожни клетки и масла на површината. Чистењето на кожата ги отстранува и ја подготвува кожата за претстојните производи.
5. Одговор: В
Нашите експерти за кожа работат на истражување и производи на клеточно/биолошко ниво во Стокхолм, Шведска.
6. Одговор: А
Правилото е следново: колку е потешка текстурата, толку понакрај треба да се нанесе. Вашиот крем за очи има лесна текстура и треба да се нанесе најпрво за да се впие во чувствителната кожа околу очите. Вашиот серум, кој е потежок - овозможува активни состојки како на пример антиоксиданти, киселини и витамини да навлезат длабоко во кожата. Последниот чекр од рутината е вашиот навлажнувач, што претставува најбогата формула.
7. Одговор: A
EcoBeauty е најприродната и најодговорна кон животната средина линија на „Орифлеим“.