Обновете ја кожата по летото

Врели температури и сонце, море и хлор, клима-уреди и заштита од инсекти - летните месеци се напорни за вашата кожа. Подгответе го телото за заштита со нашите 5 корисни совети.

ЕКСФОЛИРАЈТЕ
Можете да
правите секакви третмани на кожата, но тоа ќе ви биде залудно ако прво не ги отстраните мртвите клетки од горниот слој. За да можат навлажнувачките производи да продрат длабоко во кожата, ви треба ексфолирање. Кожата што била изложена на сонце во текот на летото е чувствителна, па затоа одберете ексфолијант со мали, природни гранули што не се надразливи - грубите третмани само дополнително ќе ја оштетат кожата.

ВИТАМИН Ц
Дали знаете дека природните фактори (најмногу сонцето) се одговорни за 80 проценти од знаците на стареење? Затоа многу
е важен кремот со заштитен фактор. Можеби нема да ги вратите деновите поминати на сонце, но можете да ја подобрите состојбата на кожата: побарајте производи што содржат витамин Ц.

ДАМКИ ОД СОНЦЕ
Темните дамки на челото, образите или на горната усна можат да се појават во голем број во текот на летото. Изедначете го тенот со третмани што го намалуваат производството на меланин и што ја израмнуваат бојата на кожата.

КАСНУВАЊА ОД ИНСЕКТИ
Каснувањата од инсекти не само што чешаат туку можат да направат и рани. Нанес
увајте навлажнувач секој ден и ексфолирајте го каснатото место и ќе одбегнете долготрајна нерамномерност на бојата на кожата. Ако црвените траги ви пречат, тогаш покријте ги со коректор!

ЗА НОЌЕ
Рутина
та за нега на кожата е клучна за нејзиниот добар изглед. Чистењето и тонирањето ќе ги отстранат нечистотиите, а вашиот серум и ноќен крем ќе ја обноват и подобрат кожата додека спиете. По летните месеци, кога вашата кожа бара повеќе грижа, овие формули за прекуноќ можат да завршат добра работа.

 



Текст: Фотографии: Getty Images