Како да ги надминете вашите стравови

Стравот е нешто нормално - сите се плашиме од нешто. Но кога вашиот страв ве спречува да постигнете некои цели или ви причинува непријатности, време е да се соочите со него. Еве како:

1. РАЗБЕРЕТЕ ОД ШТО СЕ ПЛАШИТЕ
Обидете се да откриете од каде потекнува вашиот страв. Дали е тој реален? Што е она што ви прави непријатности? Така ќе дознаете како да се справите со него.

2. ДИШЕТЕ
Ако ви е тешко, пробајте ја оваа едноставна вежба за дишење: држете го воздухот и бројте до десет и издишете полека. Потоа дишете низ носот три секунди, па издишете низ устата. Претставете си го ова визуелно додека го правите.

3. РАЗГОВАРАЈТЕ
Споделете ги вашите стравови со други луѓе, без разлика колку страшно ви изгледа тоа. Кога нешто ќе кажете наглас, може веднаш да ви олесн
и.

4. ЗАПИШЕТЕ
Ако ви е тешко да зборувате, обидете се да запишете. Така
, во пишана форма ќе имате претстава од што се состои вашиот стрес. 

 

5. ИСТРАЖЕТЕ
Соочувањето со нешто неразбирливо може да е страшно. Дознајте за вашите фобии од книги, документарци или поткасти на Интернет - знаењето е сила!

6. ЖИВОТНИ ПРОМЕНИ
Намалете со кофеинот и алкохолот, вежбајте редовно и јадете здрава храна - мали промени во животниот стил што можат да имаат големо влијание на вас.

7. ПОБАРАЈТЕ ПОМОШ
Ако стравот ви пречи премногу, тогаш најверојатно е време да побарате помош. Квалификуван терапевт е трениран да ви помогне да ги надминете вашите стравови. Понекогаш на секому од нас му треба дополнителна поддршка.




Текст: Фотографии: Getty Images