Како да ги намалите порите

Порите можат да претставуваат проблем уште во вашите 20-ти и тие се едни од првите знаци на стареење. Со намалувањето на колагенот и еластинот, порите ја менуваат формата, ја губат структурата и се зголемуваат. Еве како да го решите проблемот!

ОДРЖУВАЈТЕ ГИ ЧИСТИ
Логично е дека празните пори се помалку видливи отколку полните. Кога отворените пори исполнети со мрснотии и мртви кожни клетки оксидираат, тие се претвораат во митесери, кои се исто така видливи.

Рутината за чистење наутро и навечер ќе ги отстрани мрснотијата, шминката и нечистотиите. Започнете со гел за чистење и потоа нанесете тоник со памучен тупфер. Одржувањето на кожата чиста ќе ви ги намали порите за неколку недели!

ВНИМАВАЈТЕ НА ВАШЕТО ОПКРУЖУВАЊЕ
Оштетеноста од сонце, загадувањето, напорниот животен стил, стресот и пупењето влијаат на појавувањето на големината на вашите пори. Како што УВ-зраците ја ослабуваат структурата на вашата кожа, порите се опуштаат и затоа е важно да користите дневна СПФ-заштита. Исто така е важно да спиете убаво и во никој случај да не пушите цигари!

КИСЕЛИНИ
Факт: порите не се отвораат и затвораат. Мртвата кожа што ги исполнува е она што ги прави да изгледаат поголеми. Пилинг што содржи гликолна киселина, салицилна киселина, бета-хидрокси и алфа-хидрокси киселините ќе ја исчистат кожата однатре и ќе ги отстранат мртвите клетки. Пробајте ги серумот Ecollagen  и тоникот NovAge .

НАВЛАЖНУВАЊЕ
Ако имате мрсна кожа, треба да избегнувате густи дневни кремови што ги затнуваат порите и, наместо тоа, да користите лесни лосиони или гелови за навлажнување. Важно е никогаш да не го избегнувате навлажнувањето. Колку похидрирана е вашата кожа, толку поактивни ќе бидат клетките и ќе се намали појавувањето на порите.

 

КАМУФЛИРАЊЕ
Потребни ви се брзи резултати? Пробајте го кремот NovAge против пори и брчки под вашата шминка. Се нанесува лесно на кожата и има специјални оптички замаглувачи што ви даваат совршен тен!




Текст: Фотографии: Кристин Врејфорд