Штетните ефекти на бричењето
Прво треба да знаеш како може бричењето да ѝ наштети на твојата кожа. Покрај тоа што машката кожа изобилува со тестостерон и е посилна и поотпорна во споредба со женската, бричењето сепак може да биде многу штетно за неа. За да биде уште полошо, многу мажи се бричат секој ден! Доколку не користат соодветен лубрикант што го олеснува бричењето, тоа може да ги оштети површните кожни клетки и да го иритира горниот слој на кожата. Резултатот може да биде намалена хидратација и кожа со сув и уморен изглед. Токму тоа што сакаш да го избегнеш!
Прво исчисти го лицето и без изговори!
Неопходно е прво да го исчистиш лицето, бидејќи чистењето помага да ги отстраниш мртвите клетки и да ја измазниш кожата пред бричењето. Исто така, чистењето помага да ги ослободиш враснатите влакна. Доколку сакаш да користиш квалитетен гел за миење лице, како пилинг-гелот за чистење лице NovAge Men, тогаш ќе ти се допаднат неговите хидратантни својства, кои ги хидрираат и ги омекнуваат влакната, што ги прави полесни за бричење. Истовремено, пилинг-гелот ја прави кожата поеластична и ја зголемува нејзината способност да зацели по бричењето.
Секогаш користи остар брич
Поради некоја причина, бричевите и понатаму се прескап луксуз во светот на негата и на убавината. Сепак, тоа не значи дека треба да продолжиш да се бричиш со истиот жилет додека не почне да ‘рѓосува и да се распаѓа. Тапите жилети се најголемиот непријател на влакната на лицето, бидејќи наместо да ги потскратат, тие ги влечат влакната. Ова може да предизвика кожата да се иритира и да се воспали. Затоа, погрижи се твојот жилет да биде што е можно поостар и замени го со нов кога ќе почувствуваш дека неговата острина е намалена. Уште еден врвен совет е да се погрижиш површината на жилетот да биде постојано чиста, така што ќе го плакнеш со млака вода додека се бричиш.
По бричењето
Го исчисти лицето, се избричи - готово е, нели? Не сосема! Грижата за кожата по бричењето е важна исто колку и грижата за време на бричењето. Хидрирањето на кожата со смирувачкиот гел за по бричење NovAge Men, веднаш по бричењето е најдобриот начин да ја хидрираш кожата, бидејќи помага за смирување и за освежување на кожата, се бори против сувата кожа и ја зголемува брзината на зацелување на горниот слој на кожата. Гелот е одличен ако сакаш одвреме-навреме малку да ти потпорасне брадата, бидејќи ги одржува влакната меки и негувани.
Сега, сѐ што ти преостанува е да продолжиш со остатокот од твојата рутина за нега на кожа NovAge Men и да бидеш подготвен за денот со свежа, здрава и заштитена кожа!