РАЗМИСЛИ ЗА МИНАТАТА ГОДИНА
Сега е добро време да процениш во која насока се движи твојот живот и кои промени сакаш да ги направиш во новата година. Оддели малку време за да размислиш за успесите и неуспесите од минатата година. Што заврши добро? Во што не успеа? Искористи го ова време како можност да научиш од своите грешки и да ги приспособиш целите за идната година.
ПОСТАВИ СИ РЕАЛНИ И СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ
Следната ситуација ни е позната на сите: пиеш шампањ, ги прегрнуваш пријателите под огнометот и разгласуваш дека твојата новогодишна цел е редовно да вежбаш во фитнес-сала. Сепак, штом ќе пристигне февруари, ти станува јасно дека единственото нешто што станало редовно е гледањето Нетфликс. Оваа година, за да направиш вистински и долготрајни промени во твојата кариера, здравје или семеен живот, постави си реални и специфични цели. На пример, ако сакаш да почнеш да вежбаш, наместо да донесеш одлука да трчаш шест пати неделно (што не е реално!), почни со нешто полесно, како трчање 1-3 пати неделно, и постави си главна цел да истрчаш 5 километри до мај. Со доволно денови за одмор и јасен рок, ќе ти биде полесно да останеш мотивирана и да се држиш до твоите цели.
ИСПЛАНИРАЈ ГИ ДЕНОВИТЕ
За да го подобриме нашиот живот и да ги постигнеме нашите цели, потребно е да ги испланираме деновите однапред. Животот е хаос од работа, социјални настани и семеен живот и ако не ги планираме деновите однапред, најверојатно само ќе седнеме пред телевизор кога ќе стигнеме дома. Веројатноста да јадеме здрава вечера е многу поголема ако сме купиле намирници за време на викендот, бидејќи знаеме дека ќе бидеме преморени за време на работната недела, за да смислиме што ќе јадеме за вечера.
ЗАМИСЛИ СИ ГО ЖИВОТОТ ОД СОНИШТАТА
Една од причините поради кои не успеваме да ги оствариме соништата е бидејќи забораваме да си ги замислиме целите. Најуспешните луѓе може да си ги замислат целите однапред. За да си ги замислиш целите, запиши си ја целта од соништата и детално опиши ја или направи визуелен приказ со исечоци од списание. Откако ќе завршиш, замисли си го чувството на исполнување на целта како навистина да се случило. Замисли си ги чувствата, изгледот и звуците. Кога си замислуваме нешто, во мозокот се создава нов нервен пат, кој нѐ подготвува да се однесуваме на начинот на кој сме си замислиле, па, така, иако не си сторила ништо, сепак си го подготвила умот за успех!
ВЕЖБАЈ БЛАГОДАРНОСТ
Не е лесно да бидеш благодарна кога ќе истуриш вода врз лаптопот и кога се караш со децата во супермаркет. Сепак, од голема важност е да го смениш начинот на размислување и да се обидеш да бидеш благодарна. Лицата што се благодарни не само што се посреќни туку се и поуспешни, бидејќи благодарните луѓе ги привлекуваат другите луѓе. Благодарноста, исто така, ги подобрува физичкото и менталното здравје. Започни да вежбаш благодарност денеска така што ќе запишеш 5 работи за кои си благодарна секој ден и гледај како сите делови од твојот живот ќе се променат пред да пристигне 2019 година.